Три книги за романтични души

Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште долго време. А, токму такви се и главните херои на овие три романтични книги...

tri-knigi-za-romantichni-dushi-01.jpg

Ако сте романтични и сакате да поминете мирна вечер дома, со убава љубовна книга и шолја топло чоколадо, прочитајте некоја од овие три книги кои ќе ви го стоплат срцето.

„Последна желба“ - Николас Спаркс

Мајсторот на љубовните романи, Николас Спаркс, повторно воодушевува со љубовната приказна преточена во една од неговите книги.

„Последна желба“ раскажува за животот на Меги, позната фотографка која има своја галерија во Њујорк.

Но, пред Божиќ добива страшна дијагноза и, исплашена од тоа што ѝ се случува, таа на својот асистент му ја раскажува приказната за еден друг Божиќ, пред 23 години и за љубовта која ѝ го сменила животот.

tri-knigi-za-romantichni-dushi-04.jpg

„Последното писмо“ - Ребека Јарос

Ребека Јарос, во светот на книжевноста позната и како безнадежна романтичарка, напиша книга која ќе ги стопли срцата на секој што ќе ја прочита.

Приказната за Бекет и Ела ќе ве разнежи, расплаче и ќе ви ја покаже поврзаноста меѓу членовите на семејството на еден сосема поинаков начин.

tri-knigi-za-romantichni-dushi-03.jpg

„Танцувај со мене“ - Сузан Елизабет Филипс

Познатата писателка Сузан Елизабет Филипс со книгата „Танцувај со мене“ нè води во планинско гратче во државата Тенеси, каде вдовицата Тес Хартсонг пробува да најде лек за своето скршено срце, да се осами од луѓето и да побегне од секојдневието.

Но, таа не очекува да запознае еден енигматичен уметник, кој ја тера да преиспита сè поврзано со нејзиниот живот.

tri-knigi-za-romantichni-dushi-02.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за моќни жени што ќе ви го задржат вниманието до последната страница Жените кои се бореле против себе, против општеството, кои биле потиснувани, а по...
Три љубовни романи совршени за оваа зима Овие три љубовни романи се читаат без здив од првата до последната страница. А в...
3 возбудливи романи, идеални за на плажа ова лето Ви предлагаме 3 одлични книги што целосно ќе ве вовлечат во сопствениот свет и ќ...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg