Книги кои ќе ви ја вратат вербата во човештвото

Подгответе се за доза позитивна инспирација која ќе ви го промени животот. Време е да го одморите мозокот од сите едноставни сладникави книги и да го заинтригирате малку повеќе. Воедно, малку надеж и многу оптимизам како нус-појави на читањето книги никогаш не се на одмет, зарем не?

Knigi-koi-ke-vi-ja-vratat-vezrbata-vo-covestvoto-01.jpg

Доколку сакате по читањето на книгата долго да размислувате или да водите дебата со себеси, задолжително одвојте време за следните три ремек-дела:

Да се убие птицата подбивница - Харпер Ли  

Ова генијално дебитантско дело на Харпер Ли ја раскажува приказната видена низ очите на 8-годишната Скаут Финч. Нејзиниот брат Џем и таткото Атикус се целиот нејзин свет сместен во Мејкомб, Алабама.

Во фокусот на приказната е судењето на млад црнец обвинет за силување на бела жена, а бранителот е токму нејзиниот татко. Ова е силен и истовремено неверојатно нежен роман за расната како и класната дискриминација, правдата и нејзиното изобличување и болката наречена созревање и растење.

Проткаен со болка и мистерија, но и доволно хумор и емпатија, ова е една вешто напишана книга која не сакате да ја пропуштите.

Knigi-koi-ke-vi-ja-vratat-vezrbata-vo-covestvoto-02.jpg

Славејот – Кристин Хана

Како да се преживее и љуби за време на војна? Колкава е храброста и издржливоста на жените кои се вплеткани во студениот суров виор на злосторства? Вијан и Изабел се две сестри кои живеат во мало француско селце. Вијан е кршлива и плашлива додека се збогува со својот сопруг кој оди да војува.

Изабел е целосна спротивност, бунтовна и храбра, која не знае како изгледа стравот. Таа се вљубува лудо и неконтролирано во Гејтон, мистериозен партизан и непромислено решава да се приклучи на тајни ослободувачки групи, без да размисли за опасностите и последиците.

Knigi-koi-ke-vi-ja-vratat-vezrbata-vo-covestvoto-03.jpg

Вторниците со Мори – Мич Елбом

Што кога личноста која извршила огромно позитивно влијание во вашиот живот ја среќавате години подоцна? Професорот Мори Шварц ги живее последните месеци, кога авторот повторно го сретнува.

Неговиот ментор е трпелив и мудар, а гладот и жедта за успех го натерале Мич да скршне од вистинскиот пат. Затоа тука се вторниците, резервирани за мудрите лекции на Мори. Оваа книга која е раскажана искрено и од срце, нé потсетува колку е кус животот и сé што е вистински скапоцено во него.

Knigi-koi-ke-vi-ja-vratat-vezrbata-vo-covestvoto-04.jpg

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
Три книги за моќни жени што ќе ви го задржат вниманието до последната страница Жените кои се бореле против себе, против општеството, кои биле потиснувани, а по...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
3 возбудливи романи, идеални за на плажа ова лето Ви предлагаме 3 одлични книги што целосно ќе ве вовлечат во сопствениот свет и ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg