Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


„Што ако вашиот најголем кошмар стане реалност?“ и уште 2 книги кои ветуваат бессони ноќи

„Најслатката насмевка ги крие најмрачните тајни“. Овие 3 книги можеби делуваат „безопасно“, но верувајте дека ќе ве остават без сон.

3-knigi-koi-veruvaat-bessoni-nokji-01.jpg

За сите читатели што обожаваат замрсени трилери, проткаени со мистериозни случаи, многу возбуда, неизвесност и по малку страв, ова се трите одлични предлози кои ви ги нудиме во новата читачка недела:

Џелатот – Крис Картер

Во црква во Лос Анџелес, на скалилата пред олтарот, наоѓаат тело на обезглавен свештеник. Трупот е внимателно позициониран во локва крв, со испружени нозе и рацете прекрстени на градите, а најстрашниот дел од целата глетка е тоа што главата на свештеникот е заменета со кучешка глава.

Детективот Роберт Хантер на почетокот смета дека се работи за ритуално убивање. Но кога почнуваат да се појавуваат нови тела, принуден е одново да размисли за таа теорија. Сите жртви умреле од она од кое најмногу се плашеле. Нивните најлоши кошмари буквално се претвориле во реалност. Но како можел убиецот да знае? И што е тоа што ги поврзува овие жртви?

3-knigi-koi-veruvaat-bessoni-nokji (3).jpg

Мали тајни – Џенифер Хилиер

Марин има совршен живот. Омажена за својата љубов од факултетските денови, таа е сопственичка на синџир елитни фризерски салони, додека сопругот Дерек управува со сопствена компанија. Сè додека не им се распадне светот дента кога е киднапиран нивниот син Себастијан.

Една година подоцна, Марин е претворена во сениште. ФБИ изгубило секаква трага. Таа и нејзиниот сопруг одвај зборуваат еден со друг. Марин најмува приватен детектив да продолжи со истрагата, но, наместо да го најде Себастијан, открива дека Дерек има афера со помлада жена. Ова откритие ја враќа Марин во живот.

3-knigi-koi-veruvaat-bessoni-nokji (1).jpg

Мочуриште – Арналдур Индридасон

Загадочното убиство во една од сиромашните населби на Рејкјавик е воведната сцена во овој мрачен и возбудлив трилер на исландскиот писател Арналдур Индридасон. Истражувајќи го случајот полицијата открива низа шокантни и неверојатни сознанија кои го водат читателот во една вртоглава авантура низ студените исландски градови.

Главниот лик во романот детективот Ерлендур е еден од оние незаборавни фигури во детективската проза какви што се Шерлок Холмс Херкул Поаро или Сем Спејд.

3-knigi-koi-veruvaat-bessoni-nokji (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
Три книги за моќни жени што ќе ви го задржат вниманието до последната страница Жените кои се бореле против себе, против општеството, кои биле потиснувани, а по...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
Три љубовни романи совршени за оваа зима Овие три љубовни романи се читаат без здив од првата до последната страница. А в...
3 книги што ќе ве замислат (и ќе ве вовлечат во сосема поинаков свет) Наставник по историја кој е жив неколку векови, но не смее да се вљуби, момче шт...
5 безвременски дистописки романи - наменети за вистински љубители на книги Визијата на Хаксли за иднината во „Прекрасен нов свет“ го опфаќа општество каде ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg