3 нови наслови совршени за есен – напнат трилер, роман за к’сметот и морничава драма

„Нема поевтина забава и подолготрајно задоволство од читањето“. Па затоа искористете го секој слободен момент да си го нахраните умот, бидејќи книгите се едно од најевтините и најскапоцените богатства истовремено.

3-novi-naslovi-sovrsheni-za-esen-01.jpg

Си ветивте дека на крајот на годината ќе се обидете да читате повеќе? Есента е совршена сезона за тоа.

Ви препорачуваме три нови наслови од кои нема да го одвоите погледот:

Крцкање на скалите – Ева Бјорг Ајгисдотир

Кога телото на една жена е пронајдено покрај светилник во исландскиот град Акранес, набрзо станува јасно дека локалците ја познаваат.

Главниот полициски истражувач во случајот, Елма, која се вратила во Акранес по пропаднатата врска, со своите колеги Сејвар и Хурдур почнува истрага што открива шокантна тајна во минатото на мртвата жена, која одекнува до ден-денес…

По серијата откритија што ги прават, Елма и нејзиниот тим обелоденуваат серија долгокриени злосторства што ја потресуваат целата заедница.

Чепкајќи низ урнатините на уништените спомени на граѓаните, тие мора да ги избегнуваат сè посериозните закани и да ја донесат правдата… пред да биде предоцна.

3-novi-naslovi-sovrsheni-za-esen (2).jpg

Замалек: роман за к’сметот – Дејан Тиаго Станковиќ

Во срцето на Каиро, на островот среде Нил, со децении постоела антикварница преполна со најразновидно богатство како пештерата на Али-баба.

Продавницата, најпозната во тој дел на светот, ја воделе Коста, познат египтолог, и неговата поќерка Арна, сè додека к’сметот, поради некои тајни гревови на Коста, не решил поинаку.

Оваа приказна, во која се мешаат овоземскиот и задгробниот живот, не можела да се случи на ниту едно друго место, освен во Каиро со луѓето, обичаите и жештината на градот коишто се еднакво важни јунаци во романот, исто како и антикварот Коста и раскажувачката Арна, прашината што постојано паѓа и Нил, кој тече како животот.

3-novi-naslovi-sovrsheni-za-esen (1).jpg

Не напуштај ме – Шели Стивенс

Пред 11 години, Линдзи Неш побегнала од својот насилен сопруг средноќ, заедно со својата мала ќерка. Нејзиниот бивши сопруг, Ендру, завршил во затвор, а Линдзи започнала нов живот. 

Сега, Линдзи е постара и помудра; има сопствен бизнис и ќерка тинејџерка на која ѝ е потребна повеќе од кога било. Кога Ендру конечно излегува од затвор, Линдзи сака да верува дека се пресечени сите конекции меѓу нив и дека минатото е далеку зад неа.

Но има чувство дека некој ја набљудува, се чувствува како некој да го следи секој нејзин потег. Нејзиното ново момче добива закани. Некој ѝ влегува дома. Некој ја следи нејзината ќерка.

Линдзи е убедена дека тоа е нејзиниот поранешен сопруг, иако тој тврди дека сега е комплетно различна и променета личност. Но дали тој навистина е сменет?

3-novi-naslovi-sovrsheni-za-esen (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
3 предлог книги од Милан Кундера, што секој интелектуалец треба да ги прочита „Шега“ е првиот роман на Кундера инспириран од случувањата во неговиот приватен ...
Серијал од две книги од Колин Хувер кој нема да ви даде мир додека не го завршите Два романи за жената која се соочува со семејно насилство и која се обидува да ѝ...
3 романи од Софи Кинсела што се читаат и во автобус Романите на Софи Кинсела нема да ве остават рамнодушни. Нејзините приказни се ис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg