Три нежни, љубовни приказни кои ќе ве натераат да верувате во вистинска љубов

„Таму каде што има љубов, има и живот“. А книгите коишто ја доловуваат токму оваа емоција, се едни од најубавите.

Tri-nezni-ljubovni-prikazni-01.jpg

Овие три коишто се дел од нашите неделни предлози со сигурност нема да ве разочараат. Проткаени со силни, длабоки емоции, по којзнае кој пат ни докажуваат дека љубовта е единственото нешто за кое вреди да се живее.

„Да се сака или да те сакаат, тоа е доволно. Не прашувај ништо понатаму. Нема друг бисер што може да се најде во темните набори на животот“:

Од жарјето – Али Мартинез

Јас и Бри бевме единствените преживеани во фаталната несреќа со пожарот – иако ни на двајцата не ни се ни живееше веќе по таа ноќ.

Како самохран татко на кој штотуку му изгоре домот и сè што поседував, немав друг избор, па ја прифатив нејзината великодушна понуда привремено да се вселам во нивната гостинска куќарка.

И некако, низ болката и тагата, оформивме еден невообичаен тим. Беа потребни години, но гледав како постепено ѝ се враќа насмевката на лицето – бавно и прекрасно. Навечер седевме и разговаравме со часови, празни муабети, но пополнуваа огромна дупка во моите гради.

Иако јас ја изнесов неа од пожарот, вистината е дека Бри ме спаси мене. Нашата љубов се роди од жарјето, но којзнае дали можевме да ја преживееме и експлозијата од тајни и лаги од минатото.

Tri-nezni-ljubovni-prikazni (1).jpg

Девојката што ја остави зад себе – Џоџо Мојес

Франција, 1916 годинa. Софи мора да се грижи за безбедноста на својата фамилија додека нејзиниот љубен сопруг Едуард се бори на фронтот.

Нејзе ѝ е наредено да ги служи германските офицери што го посетуваат нејзиниот хотел секоја вечер. Од нивното присуство нејзиниот дом е исполнет со жестока тензија.

Од моментот кога новодојдениот командант го здогледува портретот на Софи, насликан од Едуард, се раѓа страшна опсесија, која ќе ја натера Софи да донесе мрачна и тешка одлука.

Речиси еден век подоцна, портретот на Софи е закачен во домот на Лив Халстон, подарок од нејзиниот сопруг пред да почине.

Ненадејна случка ги открива вистинската вредност на сликата и нејзината бурна историја. Историјата што ќе биде откриена уште еднаш ќе го преврти наопаку животот на Лив.

Tri-nezni-ljubovni-prikazni (2).jpg

Птиците умираат пеејќи – Колин Мекалоу

Меги е ќерка на сиромашни доселеници од Австралија. Уште од мала, таа е запоставена од нејзините родители и постојано живее по религиозните и патријархални правила на нејзината фамилија и стегите што ги наметнува гратчето и огромниот имот Дрогхед.

Ралф е млад, убав и речиси совршен свештеник што назначувањето во Австралија во почетокот го доживува како казна. Имено, неговите силни свештенички амбиции се насочени на друга страна, кон таинствениот Ватикан.

Уште од првиот момент кога ќе ја запознае 10-годишната Меги, таа му станува многу мила и постојано е нејзин заштитник.

По неколку години, една вечер, кога погледите ќе им се сретнат, сега веќе преубавата тинејџерка Меги, ќе пробуди чувства кај Ралф, чувства какви што тој никогаш немал, а и не ни знаел дека ги има. 

Tri-nezni-ljubovni-prikazni (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
3 возбудливи романи, идеални за на плажа ова лето Ви предлагаме 3 одлични книги што целосно ќе ве вовлечат во сопствениот свет и ќ...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
3 романи од Вај Киленд со тензичен заплет (што ќе ве држат во неизвесност до последната страница) Кејн, Рид, Броди... Тројца мажи кои треба да научат дека и најстудениот мраз око...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg