Нов роман на Фицек и уште 2 напнати психо-трилери кои ќе ви ја наежат кожата

Читам – значи постојам. Долгите ладни зимски ноќи секогаш неминовно ги поврзуваме со топло ќебенце и добра книга. Стуткани под топлината на покривката, слободно може да се внесеме во приказните кои сосема соодветствуваат со времето надвор – мрачни и студени.

Nov-roman-na-Ficek-01.jpg

Па доколку сте обожавател на напнати трилери кои имаат моќ да ви ги наежат сите влакненца на кожата, ги препорачуваме следните три нови романи од жанрот:

Вкусот на одмаздата – Јуси Адлер-Олсен

Во 1987 година Нет Хермансен планира да им се одмазди на оние што ја малтретирале во младоста. Имено, во Данска во средината на XX век постоело безмилосно движење за казнување на девојките што биле „непослушни“. Во него учествувал и Курт Вад, харизматичен, надалеку познат хирург, кој ги стерилизирал своеглавите девојки.

Дваесетина години подоцна, детективот Карл Морк има полни раце работа со истрагата за исчезнувањето на Рита, сопственичка на бордел, случај што им го уништил животот на двајца негови колеги.

Nov-roman-na-Ficek (3).jpg

Месечарот – Себастијан Фицек

Како дете и во тинејџерските години, Леон имал проблеми со несоница. Месечарејќи, знаел дури и да стане насилен за време на ноќните екскурзии и посетувал психијатар за оваа состојба. По некое време, конечно бил убеден дека е излечен.

Но, еден ден, години подоцна, сопругата на Леон исчезнува од нивниот стан под мистериозни околности. Пред да замине, расплакана, со модро око и откорнат нокт, кажува нешто што ужасно го замислува Леон. Дали е можно неговата болест да е вратена?

Nov-roman-na-Ficek (2).jpg

Езеро – Тадеј Голоб

Ова е книгата според која е снимена истоимената словенечка хит-серија. Кој ли фрлил кукла од излог во река? – помисли. Тарас Бирса, виш криминален инспектор од полициската управа во Љубљана, на новогодишната ноќ се враќа од скијање на Вогел.

Додека се пробива низ снежната бура накај дома, наидува на една девојка која во реката нашла непрепознатлив труп на млада жена. Која е жртвата? Кој е убиецот? Дали злосторството го извршил некој лудак или непознатата е жртва на заговор? Како да се најде сторителот ако не се знае која е жртвата?

Nov-roman-na-Ficek (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 книги што може да ги подарите за 8-ми Март Цветот ќе овене, добрата книга со посвета ќе остане спомен засекогаш. На вашите ...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
4 книжевни предлози од македонските инстаграмџики Нашите инстаграмџики често знаат да се пофалат дека читаат одредени книги. Кои с...
3 предлог книги од Милан Кундера, што секој интелектуалец треба да ги прочита „Шега“ е првиот роман на Кундера инспириран од случувањата во неговиот приватен ...
3 одлични трилери без кои не треба да си заминете од Саем на книга 2024 Кои три трилери вреди да ги набавите годинава на Саемот на книга? Издвојуваме тр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg