Три магични романи кои нема да ги оставите додека не ја затворите последната страница

„Дали еден човек чита или не чита – тоа веднаш се забележува. Меѓу луѓето не постои поголема разлика од оваа“.

Tri-magicni-romani-koi-nema-da-gi-ostavite-01.jpg

Доколку ѝ припаѓате на онаа група на страсни читатели која се одвојува од останатите „обични“ луѓе и правите разлика во светот околу вас, тогаш мудроста на следните 3 раскошни романи ќе ви дојде како „нарачана“:

Искра надеж – Џулијан Меклејн

По уништувачкото предавство од саканиот, Џилијан Гибонс заминува во својот семеен дом бидејќи има ужасна потреба за бегство од реалноста.

Но тогаш таму наоѓа стара фотографија од нејзината баба во прегратките на нацистички офицер и нејзиниот живот станува уште покомплициран.

Заинтригирана од новото откритие, Џилијан се обидува да ја открие вистината која стои зад фотографијата, па тргнува на епско патување низ минатото.

Tri-magicni-romani-koi-nema-da-gi-ostavite (2).jpg

Грофот од Монте Кристо – Александар Дима

Приказната се одвива во Франција, Италија, и острови во Средоземјето, за време на историските настани во периодот 1815 – 1839: од времето на Бурбонската револуција до владеењето на кралот Луј-Филип.

Дејството започнува непосредно пред 100 дена од враќањето на Наполеон Бонапарт од прогон на власт.

Историскиот контекст е важен елемент за приказната, бидејќи низ авантурите се преплетуваат теми како надеж, правда, одмазда, и прошка.

Главен лик е Едмонд Данте (грофот од Монте Кристо), човек кој е неправедно осуден на затворска казна, бега од затвор, брзо се збогатува и планира одмазда кон луѓето кои се одговорни за неговото притворање.

Tri-magicni-romani-koi-nema-da-gi-ostavite (1).jpg

Збогум, сеништа – Надја Теранова

Опкружена со предметите од минатото, Ида е принудена да се соочи со траумата што ја има обележано. Дваесет и три години претходно исчезнал татко ѝ: едно утро едноставно си заминал и никогаш веќе не се вратил.

Од неговото отсуство произлегува свирепиот молк кон мајката, идентитетот заснован врз неправилност, па дури и односот со сопругот, истовремено спас и бродолом.

Отсликувајќи се во недостигот, Ида станува жена под силно влијание на стравот и на сомнежот кон секаков вид желба. Но сега, кога семејниот дом ја опседнува со своите сеништа, мора да најде начин да го прекине маѓепсаниот круг и да се ослободи од татко си.

Tri-magicni-romani-koi-nema-da-gi-ostavite (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 романи од Вај Киленд со тензичен заплет (што ќе ве држат во неизвесност до последната страница) Кејн, Рид, Броди... Тројца мажи кои треба да научат дека и најстудениот мраз око...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
3 возбудливи романи, идеални за на плажа ова лето Ви предлагаме 3 одлични книги што целосно ќе ве вовлечат во сопствениот свет и ќ...
3 предлог книги од Милан Кундера, што секој интелектуалец треба да ги прочита „Шега“ е првиот роман на Кундера инспириран од случувањата во неговиот приватен ...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg