Без кои книги не смеете да си заминете од „Саем на книга 2022“? (втор дел)

При посетата на овогодишниот Саем на книга, евидентно е дека македонската издавачка дејност е во експанзија. Преполни штандови, одлични нови, но и постари изданија. Многу настани, промоции и креативни работилници, како и забавни активности за најмладите читатели.

Bez-koi-knigi-ne-smeete-da-si-zaminete-od-Saem-na-kniga-2-del-2022-01.jpg

Полека, но сигурно, книгите стануваат дел од македонското секојдневие. А како што знаеме, само начитана нација – е паметна нација.

Па нашата топла препорака е да го посетите Саемот на книга доколку веќе не сте го сториле тоа, и да се подновите со следните наслови без кои не смеете да си заминете:

„Педесет цигари за Елена“ од Марина Вујчиќ (Антолог)

Оливер Радман во спомен на роденденот на својата сестра близначка, која загинала пред 26 години, решава да испуши педесет цигари.

Ја пали првата цигара и на полноќ тргнува во прошетка низ градот, не насетувајќи дека ќе влијае врз животите на тројца луѓе: очајната мајка што не знаела дека нејзиниот сопруг е криминалец, младиот новинар што не може да спие ако некој се наоѓа покрај него на креветот и депресивната млада жена заробена во несреќен брак.

Bez-koi-knigi-ne-smeete-da-si-zaminete-od-Saem-na-kniga-2-del-2022 (1).png

„Сараевски Марлборо“ од Миљенко Јерговиќ (Бегемот)

Кога духовната срж на овие приказни, типот на постоењето од кое се опфатени неговите ликови, би требало да се определени со кратка, афористична формула, најточно би било да се рече дека таа пред читателот се појавува како одговор на прашањата што би му се случило на Швејк кога, по некоја случајност, би се затекнал во светот на „Процес“ од Кафка.

Bez-koi-knigi-ne-smeete-da-si-zaminete-od-Saem-na-kniga-2-del-2022 (1).jpg

Џинџуџе во земјата на афионите – Антологија на македонскиот краток расказ (Темплум)

Во антологијата се застапени 219 кратки раскази од 73 македонски автори. Поточно, 21 авторки и 52 автори од сите генерации родени во 20 век: најстариот е Иван Точко (роден 1914), а најмладиот Андреј Ал Асади (1996).

Во тој еден век поместен е цел еден свет на мали фикции (или, во тој еден свет на мали фикции поместен е цел еден век ‒ оти историјата може да се гледа и преку книжевноста).

Bez-koi-knigi-ne-smeete-da-si-zaminete-od-Saem-na-kniga-2-del-2022 (3).jpg

Една жена од Петер Естерхази (Готен)

Низ 97 возбудливи поглавја главниот лајтмотив е токму љубовта прикажана од различни агли, осветлувајќи ја од перспективата на блискоста, желбата, сексот, одмаздата, омразата, играта, слабоста и моќта.

Оваа книга е како мини енциклопедија за љубовта со сите свои сладости и горчливи страни.

Bez-koi-knigi-ne-smeete-da-si-zaminete-od-Saem-na-kniga-2-del-2022 (2).jpg

Птиците умираат пеејќи – Колин Мекалоу (Бата прес)

Меги е ќерка на сиромашни доселеници од Австралија. Уште од мала, таа е запоставена од нејзините родители и постојано живее по религиозните и патријархални правила на нејзината фамилија и стегите што ги наметнува гратчето и огромниот имот Дрогхед.

Ралф е млад, убав и речиси совршен свештеник што назначувањето во Австралија во почетокот го доживува како казна. Имено, неговите силни свештенички амбиции се насочени на друга страна, кон таинствениот Ватикан.

Уште од првиот момент кога ќе ја запознае десетгодишната Меги, таа му станува многу мила и постојано е нејзин заштитник.

По неколку години, една вечер, кога погледите ќе им се сретнат, сега веќе преубавата тинејџерка Меги, ќе пробуди чувства кај Ралф, чувства какви што тој никогаш немал, а и не ни знаел дека ги има.

Bez-koi-knigi-ne-smeete-da-si-zaminete-od-Saem-na-kniga-2-del-2022 (4).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 возбудливи романи, идеални за на плажа ова лето Ви предлагаме 3 одлични книги што целосно ќе ве вовлечат во сопствениот свет и ќ...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
2 книги од психологот Габор Мате што ќе ве натераат да се преиспитате себеси „Кога самите не сме способни да му кажеме ‘не’ на стресот, телото зборува место ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg