Три нови трилери кои ќе ве „извадат од кожа“

Дел од читателите се вљубени во жанрот трилер од причина што ваквите книги се секогаш „лудо возење“, исполнети со многу адреналин, доза мистерија и загатки. А кога заплетот е совршен, останува само да си направиме „филм“ во главите и жедно да ги вртиме страниците една по друга.

Tri-novi-trileri-koi-ke-ve-izvadat-od-kozha-01.jpg

Овие трилери ќе ве „извадат“ од кожа, а долго време нема да може да ги извадите од умот:

Анатомија на скандалот – Сара Вон

Софи Вајтхаус има прекрасен дом, две прекрасни деца и привлечен, успешен маж. Со други зборови, има совршен живот.

Но, сè се менува една ноќ кога нејзиниот сопруг Џејмс доаѓа дома и ѝ признава дека ја изневерил. Одеднаш нејзиниот смирен, уреден свет, се превртува наопаку. Дали навистина го познава човекот за кој се омажила?

Признанието на Џејмс е само врвот на ледената санта. Обвинет е за ужасно злосторство. Но вистината е уште пострашна отколку што некој би можел да замисли.

Дали Џејмс е виновен или е само невина жртва на злобен план? Оваа книга е екранизирана во ТВ серија во продукција на Нетфликс.

Tri-novi-trileri-koi-ke-ve-izvadat-od-kozha (1).jpg

Детето што сакаше елени – Самуел Бјорк

Зима, 1996 година. Еден пензионер вози низ планините со својот автомобил. Одеднаш забележува нешто пред себе и нагло закочува.

Фаровите фрлаат светлина врз снегот на патот каде што стои преплашено дете со помодрени усни и со еленски рогови на главата.

14 години подоцна, во планинското езеро недалеку оттука, пронајдена е мртва девојка. Во балетски костим, а близу до неа стои и фотоапарат на статив.

За една недела ќе се случат уште две убиства. Убиецот остава насоки за полицијата, што водат во игра во која не може да победат.

Tri-novi-trileri-koi-ke-ve-izvadat-od-kozha (2).jpg

Аурис – Себастијан Фицек, Винсент Клиш

И најмалото отстапување во звукот и фреквенцијата на гласот е доволно за познатиот форензички фонетичар и вистинска легенда во редовите на полицијата, Матијас Хегел, да ја разликува вистината од лагата. Со негова помош веќе се осудени бројни криминалци.

Дали тој сега се лаже себеси? Неговото признание дека брутално убил бездомничка во жестока расправија изгледа премногу искрено.

Амбициозната поткастерка која обработува вистински злосторства, Јула Анзорге, е своевиден експерт за рехабилитација на невини осуденици и очајно сака да ја открие вистината.

Но кога ќе почне да се задлабочува во случајот на Хегел, таа свесно се става во голема опасност…

Tri-novi-trileri-koi-ke-ve-izvadat-od-kozha (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 трилери од македонски автори (заради кои ќе грицкате нокти до самиот крај) Ви претставуваме три возбудливи трилери од македонски автори за кои се зборува и...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
Три љубовни романи совршени за оваа зима Овие три љубовни романи се читаат без здив од првата до последната страница. А в...
3 книги што ќе ве замислат (и ќе ве вовлечат во сосема поинаков свет) Наставник по историја кој е жив неколку векови, но не смее да се вљуби, момче шт...
3 романи од Вај Киленд со тензичен заплет (што ќе ве држат во неизвесност до последната страница) Кејн, Рид, Броди... Тројца мажи кои треба да научат дека и најстудениот мраз око...
3 романи од Софи Кинсела што се читаат и во автобус Романите на Софи Кинсела нема да ве остават рамнодушни. Нејзините приказни се ис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg