„Ноќно нуркање“ и уште 3 мистериозни трилери кои ќе ве држат будни до последна страница

Мистериозни, тензични и полни со пресврт кој нема да ве остави рамнодушни. Страниците ќе ги прелистувате во еден здив, сакајќи да ја откриете вистината која се крие меѓу кориците.

Nokno-nurkanje-i-uste-tri-misteriozni-prikazni-za-ljubitelite-na-trileri-01.jpg

Дури и ако не сте од оние кои редовно читаат книги и повеќе сакаат да изгледаат филм наместо да читаат, овие книги ќе ви го привлечат вниманието и ќе ве држат будни до последна страница. 

Предлог книги за љубителите на трилерии крими романи:

„Подарокот“ – Себастијан Фицек

Мало девојче кое преплашено седи на задното седиште во автомобилот. Во рацете држи порака која Милан Берг е немоќен да ја прочита бидејќи е неписмен. Како да ѝ помогне? Дали воопшто бара помош или се работи за нешто сосема друго?

Понекогаш вистината е премногу ужасна за да живееме со неа, па способната за игнорирање е најголемиот подарок што постои.

Nokno-nurkanje-i-uste-tri-misteriozni-prikazni-za-ljubitelite-na-trileri-02.jpg

„Ејми ја нема“ – Џилијан Флин

Книгата која направи вистински бум, бестселер кој 38 недели беше на листата на најчитани романи на Њујорк Тајмс и е преведена на 30 јазици.

Ник и Ејми се млад брачен пар кој живее во Мисури бидејќи мајката на Ник боледува од рак.

На денот на нивната годишнина, Ејми исчезнува. Млада, паметна, интелигентна жена на кој никој не би ѝ наштетил, освен една жена. Сестрата на Ник.

Иако нема видливи траги на насилство, осомничен лик е Ник откако на виделина ќе излезат многу работи кои ќе покажат една слика на брак кој е далеку од совршен.

Кој е виновникот за исчезнувањето на Ејми? Дали е таа жива? Останува да прочитате во оваа книга која се чита во еден здив, а ќе ви отвори многу нови размислувања за човечката психа и природата на бракот и брачните односи.

Nokno-nurkanje-i-uste-tri-misteriozni-prikazni-za-ljubitelite-na-trileri-03.jpg

„Пред да заспијам“ – Стивен Џ. Вотсон

Приказната за Кристин која после мистериозната несреќа не се сеќава на ништо, а нејзината меморија трае само 24 часа. Секој нов ден ѝ е предизвик, не знае каде е и која е, а целото сеќавање од нејзиниот живот е во целост избришано.

Нејзиниот спас го наоѓа во доктор Неш кој ѝ помага во процесот на закрепнување преку водење на дневник во кој ги запишува сите денови и секој ден одново ги чита претходните случувања.

Полека, но сигурно, таа ја осознава мистеријата која се провлекува низ нејзиниот живот, несреќата, минатото и сегашноста која ја живее секој ден одново. Несекојдневна приказна, исполнета со мистерии.

nokjno-nurkanje-i-ushte-3-misteriozni-trileri-koi-kje-ve-drzhat-budni-do-posledna-stranica-.jpg

„Ноќно нуркање“ - Ким Смоге

Книга напишана од првата жена инструктор по спортско нуркање. Приказната за подводниот свет како една од најголемите енигми.

Авантуристички роман, за Хилке Торхус која се упатува на ноќно нуркање на западниот брег од Норвешка заедно со своите пријатели.

Нејзините пријатели се убиени, а таа останува во играта каде што е лесен плен кој може во секој момент да го снема. Во секоја прилика за спас гледа опасност која ја демне.

Книгата Ноќно нуркање е добитник на наградата Ривертон за најдобра крими приказна.

Nokno-nurkanje-i-uste-tri-misteriozni-prikazni-za-ljubitelite-na-trileri-05.jpg

М. У. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
3 предлог книги од Милан Кундера, што секој интелектуалец треба да ги прочита „Шега“ е првиот роман на Кундера инспириран од случувањата во неговиот приватен ...
3 возбудливи романи, идеални за на плажа ова лето Ви предлагаме 3 одлични книги што целосно ќе ве вовлечат во сопствениот свет и ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg