Серијал „Кросфајр“ - не смеете да го пропуштите доколку сте љубители на комплицирани љубовни приказни, проткаени со многу неизвесност и еротика

Како голем љубител на книги и човек што постојано чита литература од различни жанрови, на сите вљубеници во пишаниот збор топло им препорачувам овие зимски и сиви денови да си ги збогатат со неверојатните три дела од серијалот „Кросфајр“ на авторката Силвија Деј.

Serijal-crossfire-ne-smeete-da-go-propushtite-dokolku-ste-ljubiteli-na-komplicirani-ljubovni-prikazni-protkaeni-so-mnogu-neizvesnost-i-erotika-01.jpg

Низ раце ми поминуваат разни дела, но ова е нешто што буквално ме остави без здив. Многу ми е жал што сум го пропуштила, имајќи предвид дека трите дела се издадени во 2012 и 2013 година.

Доколку сте љубители на комплицирани љубовни приказни, проткаени со многу еротика, неизвесност и живописни секс сцени, ова е серијал кој не смеете да го пропуштите.

За сите оние кои досега не се почестиле со ова дело, ќе ви откријам само дека писателката детално го обработила животот на њујоршкиот тајкун Гидион и на неговата партнерка Ева, чиј несекојдневен однос е последица на болните трауми кои си ги носат и двата лика уште од нивната младост.

Првиот дел е со наслов „Соголена пред тебе“

Прекрасната 24-годишна Ева Трамил има сѐ што ќе посака – занесно убава, паметна, живее во прекрасен стан на Менхетн заедно со својот најдобар пријател, бисексуалецот Кери и ужива во вниманието од својата мајка и богатиот очув.

Сакајќи да најде работа, таа случајно налетува на заносниот убавец Гидеон Крос, кој е њујоршки милијардер и тајкун.

Искрите меѓу нив се неверојатни и тие набрзо стануваат зависни еден од друг, но и од сексуалните нагони кои деноноќно си ги задоволуваат.

Нивната комуникација е на незавидно ниво, имајќи предвид дека и двајцата кријат мрачни тајни од своето минато.

Serijal-crossfire-ne-smeete-da-go-propushtite-dokolku-ste-ljubiteli-na-komplicirani-ljubovni-prikazni-protkaeni-so-mnogu-neizvesnost-i-erotika-02.jpg

Вториот дел е „Огледана во тебе“

Траумите од младоста излегуваат на површина.

Гидеон и Ева имаат мрачно минато, исполнето со многу насилство. Двајцата претрпеле сексуална злоупотреба, која им ги профилира животите и ставовите.

Гидеон е манијак за контрола, а тоа чувство ја обзема и Ева. Бескрајно посесивни еден кон друг, се однесуваат како да се сопственост на другиот.

Недостатокот од меѓусебна комуникација го надополнуваат со секс, тоа е нивниот начин за решавање на проблемите.

Кога конечно на површина излегуваат нивните трауми, Гидеон сфаќа дека е подготвен да убие за Ева. Буквално.

Serijal-crossfire-ne-smeete-da-go-propushtite-dokolku-ste-ljubiteli-na-komplicirani-ljubovni-prikazni-protkaeni-so-mnogu-neizvesnost-i-erotika-03.jpg

Третиот дел е „Испреплетена со тебе“

Љубовната сага на Ева и Гидеон е незапирлив ролеркостер. Таа конечно се охрабрува да се побуни против неговата експресија на посесивност и контрола на секој нејзин чекор, но истовремено согледува дека тој ѝ е потребен како воздух.

Нејзината зависност од него е незапирлива, таа сфаќа дека комплетно му припаѓа нему. Единствено кога се заедно имаат моќ да се изборат со демоните од минатото, кои ги измачуваат во сегашноста.

Serijal-crossfire-ne-smeete-da-go-propushtite-dokolku-ste-ljubiteli-na-komplicirani-ljubovni-prikazni-protkaeni-so-mnogu-neizvesnost-i-erotika-04.jpg

Секој од нив го остава читателот без здив.

Нема да бидете поштедени од неверојатни секс сцени, драма, насилство, експресија на силна хемија, пресметливост и бесконечна посесивност во комплицираниот однос на Гидион и Ева.

Јас лично не можев да престанам да читам, сѐ додека не ги прочитав сите три дела, а убедена сум дека и кај повеќето луѓе оваа книга има таков ефект.

Ќе потонете во една неверојатно еротска приказна, која не е вообичаено љубовно романче и неизбежно ќе има влијание и врз вашето либидо.

Кара | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
5 безвременски дистописки романи - наменети за вистински љубители на книги Визијата на Хаксли за иднината во „Прекрасен нов свет“ го опфаќа општество каде ...
3 биографии што треба да ги прочитате оваа есен (за луѓето што не се повеќе со нас) „Здраво, се викам Метју, иако можеби ме знаете и по друго име. Пријателите ме ви...
Серијал од две книги од Колин Хувер кој нема да ви даде мир додека не го завршите Два романи за жената која се соочува со семејно насилство и која се обидува да ѝ...
4 „модерни класици“ што секој интелектуалец вреди да ги има на својата полица Читањето книги не е обврска, туку треба да претставува задоволство, а вистинскит...
3 биографски книги што вреди да ги прочитате оваа есен Дали сакате да читате биографски книги? Ако да, тогаш овие три понови изданија с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg