„Метро“ нова песна на Young Dadi и најава на албумот „SCORPIUS“

Деновиве излезе нова песна од Young Dadi, насловена „Метро“ која го најавува првото поглавје од албумот „SCORPIUS”, кој треба да излезе на 28 мај.

metro-nova-pesna-na-young-dadi-i-najava-na-albumot-scorpius-02.jpg

Со уникатен спој на звук и несекојдневен приказ, артистот Young Dadi повторно им приреди изненадување на своите слушатели.

Благодарение на заразниот drum and bass ритам, синглот ќе ви се врти во глава уште по првото слушање, а на тоа придонесува и необичното музичко видео кое е направено со помош на технологија на вештачка интелигенција и анимација, кадри од реалниот живот и експлозија на бои.

metro-nova-pesna-na-young-dadi-i-najava-na-albumot-scorpius-01.jpg

Музиката и текстот се на Young Dadi, а продуцирана е од страна на Dimchuga, Hyper и Andrejnik.

За видеото се погрижија Генц Халими, Берат Ахметај и Фисник Халили, а во видеозаписот е присутна и Елена од Beatrix Dance Studio чии движења се синхронизираат со пулсирачкиот ритам на песната.

За стајлингот се погрижи Александра Трпеска, а за шминка и фризура Бобан Тодоровски.

„Метро“ е достапна на сите музички платформи.

Би можело да ве интересира:

Нова песна и спот на Дупер: „Кажи ми во лице“ Скопје, 05.01.2024 – Борис Какуринов и Илчо Нечовски очигледно го имаат тајниот ...
D’Reamers ја објавија нивната седма песна насловена „Мали нешта” Бендот D’Reamers ја промовираше нивната нова песна наречена „Мали нешта”. Таа е ...
Слушнете ја новата песна на Dimish – млад талентиран скопјанец кој прави музика од својата соба (вид... Dimish е 21-годишен артист од Скопје кој сам, во својата соба прави, снима и про...
"Живее спомен" - новата песна и видео запис на Тамара Волческа На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нов...
Промоција на нова песна и видео спот на Дарко Андонов ака ДААН (06.09.2023) Дарко Андонов ДААН ја промовира својата нова песна и спот, „Мојот с...
„Има љубов во нас“ - Првиот сингл од новиот албум на Дани Димитровска „Страдаме во илузија дека сме немоќни, неспремни, зли и сурови. Љубов е лекот. С...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg