Наум Петрески: Чувајте ја македонската песна бидејќи нема кој друг да ја чува!

„Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ не звучела никогаш помоќно од сега – отпеана од златното грло на Наум Петрески, а спакувана со мерак од маестро Николче Мицевски.

naum-petreski-chuvajte-ja-makedonskata-pesna-bidejkji-nema-koj-drug-da-ja-chuva-03.jpg

Оваа песна е легендарна за нас Македонците и треба да се негува, впрочем, како и сите патриотски песни кои оставиле трага во нашата историја. Чест ми е што ја пеам во рамки на проектот „Македонијо во срце те носиме“, а уште посреќен сум што можам да испратам една убава порака, особено до младите – да продолжат да ја чуваат македонската песна бидејќи нема кој друг да ја чува, особено во ова време кога секојдневно и од сите страни сме напаѓани“, вели Наум.

Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ е отпеана во чест на македонскиот револуционер и просветен деец, а, според историчарот Коста Црнушанов, истата е создадена брзо по смртта на Миле. Според други извори, пак, била отпеана уште на неговиот погреб. Во 2006 година оваа песна е прогласена за официјална химна на градот Велес.  

Инаку, ова е петтата по ред нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“, составен од 12 композиции во изведба на 12 изведувачи. Зад видеото, како и комплетната реализација на проектот во чии рамки јавноста уште ќе ги чуе и види и: Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, ДНК, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Марија Спасовска и Зуица Лазова; се потпишува Скендеровски продукција.

Кон крајот на летото публиката ќе има можност сите 12 песни да ги слушне и во живо, бидејќи во план е и концертен караван кој под истото име ќе гостува во неколку македонски градови - да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кои ни го оставиле генерациите пред нас.

Уживајте во неверојатиот глас на Наум Петрески и моќната изведба на „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“:

Би можело да ве интересира:

Нова песна и спот на Дупер: „Кажи ми во лице“ Скопје, 05.01.2024 – Борис Какуринов и Илчо Нечовски очигледно го имаат тајниот ...
D’Reamers ја објавија нивната седма песна насловена „Мали нешта” Бендот D’Reamers ја промовираше нивната нова песна наречена „Мали нешта”. Таа е ...
Промоција на нова песна и видео спот на Дарко Андонов ака ДААН (06.09.2023) Дарко Андонов ДААН ја промовира својата нова песна и спот, „Мојот с...
"Живее спомен" - новата песна и видео запис на Тамара Волческа На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нов...
Слушнете ја новата песна на Dimish – млад талентиран скопјанец кој прави музика од својата соба (вид... Dimish е 21-годишен артист од Скопје кој сам, во својата соба прави, снима и про...
Сара Мејс во свежо, уникатно и впечатливо издание за новиот видео запис за песната „Очи Вселена“ Ултра модерен звук со диско ритам, заразна мелодија која тешко ќе ви излезе од г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg