Слушнете ја новата песна на Калиопи - „Кад осване“

Повеќедецениска кариера исполнета со успех, раскошен вокал и неверојатна харизма е она што ја краси Калиопи. Континуирано ја исполнува својата дискографија со нови песни и на својата публика ѝ дарува музичка магија.

slushnete-ja-novata-pesna-na-kaliopi-kad-osvane-01.jpg

Новата песна „Кад осване“ е на сите дигитални платформи и на официјалниот YouTube канал, а еве што вели Калиопи за нејзината нова песна, и овојпат комплетно авторско дело на нејзиниот долгогодишен соработник Ромео Грилл:

„Песната 'Кад осване' (Кога ќе раздени) никого нема да остави рамнодушен. Тоа е песна која буди од длабок сон, раздвижува и ја враќа надежта за подобри денови!

Кога ја слушнав првпат, бев пресреќна што добив ваква песна! Ромео и овојпат се надмина себеси, а тоа му успева речиси 40 години, колку што веќе соработуваме заедно...

За неполни 5 месеци добив две големи песни! Дуетската 'Знам', со мојот пријател Жељко Самарџиќ, која веќе со молскавична брзина се врежа во срцата на публиката, а сега исто така длабоко верувам дека 'Кад осване' ќе биде песна за која ќе се зборува и која што многу ќе се пее! Имаме нов хит!

Музиката, текстот, аранжманот и продукцијата ги потпишува Ромео Грил.

Слушнете ја песната во продолжение:

Би можело да ве интересира:

Слушнете ја новата песна на Dimish – млад талентиран скопјанец кој прави музика од својата соба (вид... Dimish е 21-годишен артист од Скопје кој сам, во својата соба прави, снима и про...
"Живее спомен" - новата песна и видео запис на Тамара Волческа На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нов...
D’Reamers ја објавија нивната седма песна насловена „Мали нешта” Бендот D’Reamers ја промовираше нивната нова песна наречена „Мали нешта”. Таа е ...
Нова песна и спот на Дупер: „Кажи ми во лице“ Скопје, 05.01.2024 – Борис Какуринов и Илчо Нечовски очигледно го имаат тајниот ...
„Наше време“ – Харизма Бенд со нова песна „Наше време“ е името на новата песна на Харизма Бенд, за која е снимен и видеосп...
Песни кои „полнат“ 20 години во 2024-та – Која ви беше омилена? Заразната Gasolina која или ја мразевте или многу ја сакавте, но и Toxic на Брит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg