Петар Маркоски свиреше виолина пред Папата: „Имав чест да ме најават како единствениот македонски музичар кој настапил пред Папата Франциск“

Нашиот виолинист Петар Маркоски имаше чест да настапи на единствениот музички настан на кој присуствува Папата.

petar-markoski-svireshe-violina-pred-papata-ja-imav-chesta-da-bidam-najaven-kako-edinstveniot-makedonski-muzichar-koj-nastapil-pred-papata-francisk-01.jpg

„Настанот “World Day of the Poor“ се оддржа на 19ти Ноември во "Paul VI Audience Hall" - Ватикан, каде беше организиран ручек и музички дел од повеќе артисти. Ја имав честа да бидам најавен како единствениот македонски музичар кој настапил пред Папата Франциск, најава која беше дадена на самиот настан и секако на сите италијански телевизии меѓу кои и најпознатата Rai 1. 

petar-markoski-svireshe-violina-pred-papata-ja-imav-chesta-da-bidam-najaven-kako-edinstveniot-makedonski-muzichar-koj-nastapil-pred-papata-francisk-02.jpeg

Покана ја добив преку мојот менаџер една недела пред самиот настан, и секако без размислување прифатив се впуштив во припрема на композициите.
Ова е единствениот музички настан во Ватикан каде Папата е присутен и поради тоа задоволството беше огромно. Настапив со две композиции Halellujah и Ave Maria, во потполна тишина и без никаква музичка поддршка, само звукот на мојата виолина. Во Ватикан бевме пречекани прекрасно, огромно искуство за мене“ - раскажува Петар за CRNOBELO.com.

Петар во моментов работи на голем број проекти со композитори и музичари од Италија и Унгарија за кои вели дека ќе бидат презентирани наскоро.

Прочитајте и: На гондола во Венеција, во шума: Запознајте го македонскиот Хаусер - дечко од Охрид свири на виолина на разни локации

Би можело да ве интересира:

Првата песна на Тамара Волческа на македонски јазик - „Место од спомени“ На 12.07.2023 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата прв...
Преработки на македонски песни кои будат носталгија - Кои хитови добија модерни верзии? Тамара ја препеа „Шила“ од Маја Оџаклиевска, Каролина испеа своја верзија на пес...
Македонски хитови кои добија модерна верзија: Преработки кои ни будат носталгија (втор дел) Наде Талевска во дует со хрватскиот пејач Жак Худек ја препеа „Остани во мене“ о...
D’Reamers ја објавија нивната седма песна насловена „Мали нешта” Бендот D’Reamers ја промовираше нивната нова песна наречена „Мали нешта”. Таа е ...
Белорусинка пее песна од Тоше Проески: „Љубовта ме донесе во Македонија“ „Се вљубив во песната првиот пат штом ја слушнав. Не знаев многу за пејачот, но ...
Мина Блажев: Огромна е одговорноста да се пее „Море сокол пие“ Четвртата по ред нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“ е „Море ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg