Антониа Гиговска објави моќна балада - Самата го режираше спотот (видео)

Антониа Гиговска ја промовираше новата песна заедно со спот што го режираше самата, а во кој има минимална шминка, но многу емоции во гласот и ликот, ја покажува сета своја ранливост.

antonia-gigovska-objavi-mokjna-balada-samata-go-rezhirashe-spotot-01_copy.jpg

На својот 23-ти роденден, пејачката Антониа Гиговска за свој мерак, но и на задоволство на нејзините фанови, објави нова песна.

Моќната балада „Мразам што те сакам“ Антониа ја снимила уште во 2021-ва година, но потоа вели дека решила да ја „стави во фиока“.

Таа за CRNOBELO.com открива дека решила песната да ја објави во некое „подобро време кога ќе биде и самата доволно зрела за да може да се носи со емоцијата што сака да ја пренесе преку музиката и стиховите“.

antonia-gigovska-objavi-mokjna-balada-samata-go-rezhirashe-spotot-04.jpg

„’Мразам што те сакам’ е песна што ја направивме со Лазе Цветкоски уште во 2021 година. Тоа беше година во која имав многу предизвици, многу насмевки, но и многу солзи.

Година во која бев константно повредувана, иако не го заслужував тоа, знаејќи колку знам да сакам и почитувам, независно дали е во прашање партнер или пријател.

Кога ќе се навратам наназад, и добро е што не ја објавив тогаш.

Ја чував за некое подобро време, за некоја подобра, позрела Антониа, која по 3 години ќе може да се носи со тежината на песната и емоцијата што ја има во неа“, ни кажа пејачката.

antonia-gigovska-objavi-mokjna-balada-samata-go-rezhirashe-spotot-02.jpg

Гиговска песната ја промовираше заедно со спот во кој со минимална шминка, а многу емоции во гласот и ликот, ја покажува сета своја ранливост.

Текстот на песната е на Тајзи, музиката на Лазар Цветкоски, а режисер на спотот е самата Антониа.

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нова песна и спот на Дупер: „Кажи ми во лице“ Скопје, 05.01.2024 – Борис Какуринов и Илчо Нечовски очигледно го имаат тајниот ...
Промоција на нова песна и видео спот на Дарко Андонов ака ДААН (06.09.2023) Дарко Андонов ДААН ја промовира својата нова песна и спот, „Мојот с...
Промоција за нова песна и видео спот на Дарко Андонов ДААН – “Со кого заспиваш” Јас сум Дарко Андонов a.k.a. ДААН, псевдоним кој  го користам како уметничк...
„Има љубов во нас“ - Првиот сингл од новиот албум на Дани Димитровска „Страдаме во илузија дека сме немоќни, неспремни, зли и сурови. Љубов е лекот. С...
Сара Мејс во свежо, уникатно и впечатливо издание за новиот видео запис за песната „Очи Вселена“ Ултра модерен звук со диско ритам, заразна мелодија која тешко ќе ви излезе од г...
Наташа Миха со нова песна - Слушнете ја „Инферно“ После година дена од објавувањето на нејзиниот албум „10 Љубови“, Наташа Миха се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg