Андреа Коевска ќе нè претставува на Евровизија во Италија со песната „Circles“

Андреа Коевска ќе нè претставува на овогодишното издание на Евровизија во Торино, Италија.

andrea-koevska-kje-ne-pretstavuva-na-evrovizija-vo-italija-so-pesnata-circles-01.jpgфото: Инстаграм

По седум дена, заврши гласањето за избор на нашиот претставник на Евровизија, а оваа чест ѝ припадна на Андреа Коевска. Таа ќе нè претставува со песната „Circles“.

Поради победата на Maneskin во 2021-ва, годинава изборот ќе се одржи во Торино, Италија.

Нашата претставничка беше избрана преку онлајн гласање, како и од гласовите на меѓународното стручно жири. За изборот се користеше евровизискиот принцип на гласање (50:50).

Годинава Македонија ќе настапи на втората полуфинална вечер на 12 мај.

Во продолжение слушнете ја евровизиската песна на Андреа:

Прочитајте повеќе: Македонија гласа за својот фаворит за „Евровизија 2022“ – Кои земји веќе ги избраа претставниците

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зуица Лазова: Нашиот фолклор е наша лична карта и идентитет! Колку векови во темнина си била, колку темни сказни знаеш, земјо мила, колку стр...
Пајак го објави новиот летен хит со Теодора Џехверовиќ – Ќе стане ли хит како „Хабиби“? (видео) Длабоко деколте, провокативни аутфити и пози... Српската пејачка Теодора Џехверо...
Војаж со него ја започна големата кариера: Нашиот Јосиф се враќа на голема врата! (24.07.2023) Македонската сцена постојано е „гладна“ за нови имиња кои ќе го осв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg