Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Тони Зен: „Се враќам на македонската музичка сцена бидејќи тоа ѝ го должам на публиката“

По пауза од подолго време на македонската музичка сцена повторно се враќа човекот кој пред десетина години беше еден од најслушаните изведувачи на домашната музичка естрада.

toni-zen-se-vrakjam-na-makedonskata-muzichka-scena-bidejkji-toa-go-dolzham-na-publikata-01.jpg

Тони Петковски, во јавноста познат како Тони Зен, има нов сингл со наслов „Планот“ – Во ова време – невреме за сите уметници, тој одлучи повторно да го прави она што најдобро го знае, а тоа е музиката. Ново време, нови визии, нови цели.

toni-zen-se-vrakjam-na-makedonskata-muzichka-scena-bidejkji-toa-go-dolzham-na-publikata-03.jpg

„Целата приказна почна од поривот и љубовта за творењето. Се инспирирав од музиката и поддршката на моите пријатели и соработници Нино Васков и Ики, со кои работевме долги години.

Идејата со оваа песна е дека сето она што ни било зацртано низ времето го остваруваме и прикажуваме на ваков начин, затоа што ова ни е задача и љубов од многу одамна.

Се чувстувам должен кон публиката бидејќи долго време бев отсутен, ова враќање е токму за нив, инспириран од младите, но секако и од постарите артисти, музиката мора да продолжи без оглед на се. Сакам да се претставам на наш, македонски начин“, вели Тони Зен.

toni-zen-se-vrakjam-na-makedonskata-muzichka-scena-bidejkji-toa-go-dolzham-na-publikata-04.jpg

Музиката, аранжманот, миксот и мастерот го направија Илија Цветковски - Ики и Нино Васков, а за видео записот одговорен е Огнен Шапковски – „Мелем продукција“.

Она што е добро да се знае е дека Тони Зен потпиша три годишен договор со „Прагма продукција“ – продукција која знае како да работи и која ќе стои зад секој негов професионален ангажман.

toni-zen-se-vrakjam-na-makedonskata-muzichka-scena-bidejkji-toa-go-dolzham-na-publikata-02.jpg

Неговата агенда со настапи е веќе преполна, го очекува богата летна турнеја, а дел од истата ќе биде и „Мандра фестивалот“ во Дојран каде ќе настапат големи музички имиња, вклучувајќи го и Тони. Веќе во сабота, на 2-ри јули, со Тони ќе имате можност да се дружите во Градскиот парк на „Crazy summer festival“.

toni-zen-se-vrakjam-na-makedonskata-muzichka-scena-bidejkji-toa-go-dolzham-na-publikata-05.jpg

Премиерата за новиот сингл „Планот“, ќе се случи денес во 20ч на официјалниот „Youtube“ канал на Тони Зен.

Би можело да ве интересира:

Дани со нов сингл - Ќе ме сакаш ли? 24.1.2024, Скопје - По “Има љубов во нас”, проследуваме втор сингл од најновиот ...
Спотот на Ламбе Алабаковски за преработката на „Дејгиди луди млади години“ Ламбе Алабаковски оваа успешна музичка година ја заокружува со својата верз...
„Има љубов во нас“ - Првиот сингл од новиот албум на Дани Димитровска „Страдаме во илузија дека сме немоќни, неспремни, зли и сурови. Љубов е лекот. С...
Промоција за нова песна и видео спот на Славчо Крежески – Одведи ме дома Славчо Крежески е музичар и музички ентузијаст роден во Струга, но подолг период...
Сара Мејс во свежо, уникатно и впечатливо издание за новиот видео запис за песната „Очи Вселена“ Ултра модерен звук со диско ритам, заразна мелодија која тешко ќе ви излезе од г...
Наташа Миха со нова песна - Слушнете ја „Инферно“ После година дена од објавувањето на нејзиниот албум „10 Љубови“, Наташа Миха се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg