Нов спот на заводникот Виктор Апостоловски

По успешната работа за други македонски автори и потпис на многу успешни проекти, Виктор конечно се јавува како комплетен автор на своите нумери.

viktor-apostolovski-so-spot-za-novata-numera-mi-falis-ti-01

Поп - пејачот Виктор Апостоловски денес во лаунџ барот Арабеска го промовираше спотот за неговата нова нумера „Ми фалиш ти“. Видео записот е подготвен од Тривиа продукција, а сниман е на повеќе интересни локации низ Скопје. 

„Навистина ми е драго што за кратко време го снимивме спотот. Дефинитивно песната има посебно значење за мене, бидејќи ја творев уште од моите почетоци за време на Идолот. Спотот претставува совршено надополнување на композицијата - снимен со внимателно избрани кадри и моменти со моделот Ангела Митева.“ изјави Виктор.

По успешната работа за други македонски автори и потпис на многу успешни проекти, Виктор конечно се јавува како комплетен автор на своите нумери.

„Периодов сум исполнет комплетно како личност затоа што го подготвувам својот прв албум кој сакам да го подарам на понежниот пол следната година за време на празникот Св. Валентајн. Албумот ќе содржи нумери кои до сега ги имам издадено, како и нови песни кои за првпат ќе имаат можност да се чујат во модерен поп стил и се надевам дека ќе бидат хитови во наредниот период.“ додаде Виктор.

viktor-apostolovski-so-spot-za-novata-numera-mi-falis-ti-02

Македонскиот Идол е веројатно најголемиот успех на Виктор. По своето појавување во шоуто тој стана популарен и оформи огромна база на фанови која континуирано го следи секој негов потег. Стигна во најдобрите 4, на само чекор од големото финале. Иако не победи, остана најинтересен за публиката.

По шоуто Македонски Идол, Виктор ја продолжува својата кариера претставувајќи себеси како композитор, текстописец и продуцент. Издаде  4 авторски дела во соработка со други големи македонски имиња. Неговите песни се едни од најслушаните на македонските топ листи, како и на MTV Adria.

Прегледајте го најновиот видео запис на Виктор за нумерата „Ми фалиш ти“:

Би можело да ве интересира:

Македонски пејачки кои драстично ослабеа - Што им помогна и како им успеа? Тамара Тодевска, Ивона Јо, Антониа Гиговска, Наде Талевска, Мијата се дел од пеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg