„Милион долари“ за концертот на Архангел

После двегодишна пауза кога македонски звучеше подобро, во петокот на 20 декември 2013 година се случи долгоочекуваниот концерт на Архангел со Македонската филхармонија.

milion-dolari-za-koncertot-na-arhangel-01

Иако од легендарните членови на групата се појави само нивниот фронтмен, Ристо Вртев, Филхармонијата под диригенство на Саша Николовски – Ѓумар и во придружба на џезерот Ѓорѓи Шаревски,  беше повеќе од одлична замена.

Со сосем поинаков аранжман на песните, концертот звучеше како вистинско уметничко ремек-дело.

Најголемата грешка која по малку го наруши впечатокот, беше просторот, односно спортската сала „Борис Трајковски“ каде нема воопшто акустика, озвучувањето не беше доволно силно и звукот се разлеваше како ехо низ салата.

Но, сепак, вистинските „Нardcore“ вљубеници во нивната музичка поезија добија уживање вредно за „Милион долари“.

milion-dolari-za-koncertot-na-arhangel-1

Концертот започна час и половина подоцна од најавеното, траеше исто толку и враќањето на бис не беше доволно за една повторена песна со оглед на неиспеаните, а очекувани „Wonderful life“, „Пиф паф пуф“, „Шал од жал“ и уште некоја друга стара и подзаборавена. Фановите би сакале концертот да трае до бескрај, бидејќи од Архангел никогаш доста.

Иако салата не беше целосно исполнета делумно поради високите цени на влзниците,  а делумно и поради неприсуството на останатите членови на бендот, сепак оние кои присуствуваа ќе го паметат долго.

Се пееја на цел глас „Војна“, „Крст“, „Љубов или омраза“, „Драги“, „Нож“, „Вина невина“ и кулминативната  „Uber macedonishen“.

Настан кој сигурно никого не остави рамнодушен и останува врежан како вреден музички спомен и вистински македонски концерт за паметење.

Фото: Влатко Петревски

Би можело да ве интересира:

Македонски пејачки кои драстично ослабеа - Што им помогна и како им успеа? Тамара Тодевска, Ивона Јо, Антониа Гиговска, Наде Талевска, Мијата се дел од пеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg