„Без тебе ладно е“ – топла балада на Даниел Кајмакоски (видео)

Со секоја нова изведба, со секој настап сѐ повеќе воодушевува и освојува. Тој е македонски претставник, но балкански фаворит за победа на регионалниот „Х-фактор Адриа“.

bez-tebe-ladno-e-topla-balada-na-daniel-kajmakoski-video

Со нетрпение се очекува нешто ново и нешто плус од него. Фановите се радуваат и на секоја стара снимка која сега се открива, само за да го слушнат својот идол.

Даниел, пак, само покажува дека талентот му е вроден и дека што и да испее ќе звучи фантастично.

Она што најмногу радува е кога ќе се слушне некоја негова авторска песна. Вчера се појави на YouTube неговата емотивна и топла балада, „Без тебе ладно е“ која ја пее на македонски јазик.

Пред огромна публика, на отворена сцена, со моќна интерпретација, додека свири на пијано ја изведува баладата која сигурно ќе ве допре и освои.

Би можело да ве интересира:

Македонски пејачки кои драстично ослабеа - Што им помогна и како им успеа? Тамара Тодевска, Ивона Јо, Антониа Гиговска, Наде Талевска, Мијата се дел од пеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg