Погледнете го спотот на Даниел и Жељко за песната „Скопје-Белград“

По вчерашната промоција на аудио верзијата за првата песна на Даниел, заедно со неговиот ментор Жељко, денеска е промовиран и првиот спот кој беше сниман на неколку локации и во Белград и во Скопје.

poglednete-go-prviot-spot-na-daniel-i-zeljko-za-pesnata-skopje-belgrad-01

Аранжманот и продукцијата се на Јоксимовиќ, текстот на Драган Брајевиќ Браја и Фахрудин Пецикоза, а македонскиот препев е на Магдалена Ена Цветковска. Снимена е во студиото на Жељко, Минакорд.

Даниел на својот профил на Фејсбук песната им ја посвети на сите обожаватели како подарок за одбележување на заедничката приказна во „Х-фактор“ кој му ја донесе големата победа.

poglednete-go-prviot-spot-na-daniel-i-zeljko-za-pesnata-skopje-belgrad-1

Првпат во живо ќе биде изведена на концертот на Жељко во Скопје, на арената „Филип Втори“ на 21 јуни, каде Даниел ќе биде негов специјален гостин.

Се очекува ова да биде вистински летен хит на сите радио и телевизиски станици.

Погледнете го премиерно нивниот спот:

Би можело да ве интересира:

Македонски пејачки кои драстично ослабеа - Што им помогна и како им успеа? Тамара Тодевска, Ивона Јо, Антониа Гиговска, Наде Талевска, Мијата се дел од пеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg