Многу сексапил на едно место: Најновиот спот на Елена Ристеска

Вчера започна да се снима долгоочекуваниот видеоспот за најновата песна на Елена Ристеска „Доживотно“, на која како автор се потпишува српска композиторка Александра Милутиновиќ, додека пак за аранжманотсе погрижи Дарко Димитров. Песната од неодамна е хит на сите радиостаници во земјава, но и регионот како што се Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

mnogu-seksapil-na-edno-mesto-najnoviot-spot-na-elena-risteska-01.JPG

Спотот ќе има две верзии, една на македонски и една на српски јазик, меѓутоа она што навистина ќе ве натера да го погледнете овој видеоспот се трите убавици кои се појавуваат покрај Елена.

Во спотот покрај Ристеска се појавува и познатата српска водителка Катарина Шишмановиќ која во регионот е позната по емсијата „Све за љубов“, која веќе неколку години се емитува и на нашите простори. Покрај Шишмановиќ, во спотот ќе ја видиме и една од најатрактивните водителки од Македонија, Марјана Станојковска, но и познатата манекенка Ана Коцева.

Инаку спотот се снимаше во хотел „Русија“ и тоа под режисерската палка на Бане Поповиќ и „Томато продукција“. Инаку спотот се снимаше во хотел „Русија“ и тоа под режисерската палка на Бане Поповиќ и „Томато продукција“.

За потребите на снимањето беа користени креации на познатата дизајнерка Мила Кадриу и „Ексклузив Дизајн“, но помогнаа и „Fashion Group“, „Баргала“ и „Хисар туризам.За шминката и фризурата беа задолжени вештите раце на стилистот Даниел Николовски и Ивана Атанасовска.

За неколку дена се очекува и официјална промоција на видеоспотот во Македонија, но и Србија. Дотогаш уживајте во прекрасните фотографии од снимањето.

mnogu-seksapil-na-edno-mesto-najnoviot-spot-na-elena-risteska-1.JPG

mnogu-seksapil-na-edno-mesto-najnoviot-spot-na-elena-risteska-2.JPG

mnogu-seksapil-na-edno-mesto-najnoviot-spot-na-elena-risteska-3.JPG

Би можело да ве интересира:

Македонски пејачки кои драстично ослабеа - Што им помогна и како им успеа? Тамара Тодевска, Ивона Јо, Антониа Гиговска, Наде Талевска, Мијата се дел од пеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg