Најсексипилниот спот на Севе!

За сите оние кои ја сакаат Северина, па дури и оние кои не и се баш верни обожаватели, новиот спот е празник за очи бидејќи дефинитивно задоволува буквално...





... сечиј вкус. Имено спотот е за новиот сингл на Севе наречен “Гаде”, во режија на Дарко Дриновац, во кој  Севе во тие 4минути зрачи со сексапилност и шарм.

Спотот е интимен, модерен и едноставен, каде што единствен лик кој се појавува е самата Севе. Се чини дека е тоа сосема доволно, бидејќи таа сепојавува во речиси прозирен фустан каде на моменти можат да се видат нејзините одлични атрибути.

- Песната е фикција и секој треба да ја доживее на свој начин – изјавува Северина.

Токму затоа овој видео спот може да се доживее како ситуација во која се зборува за огорчена и помалку љубоморна жена која доаѓа во својот дом и во мислите емотивно се пресметува со својот сакан.

Во сончевите сцени каде Северина лежи на тепихот и се потсеќа на моментите со саканиот некако во полу транс, каде како резултат во наредната сцена каде скока на креветот симболично го доловува живчаниот слом и огорченоста.

Ако ова не ви придава јасна слика, или ви изгледа по малку неверојатно и претерано, ве оставаме да уживате во официјалното видео издание дел од фотографиите направени за време на снимањето.

najseksapilniot-spot-na-severina1

najseksapilniot-spot-na-severina2

najseksapilniot-spot-na-severina3

najseksapilniot-spot-na-severina5

najseksapilniot-spot-na-severina6

najseksapilniot-spot-na-severina7

najseksapilniot-spot-na-severina8

 

И видео запис на Северина со синглот "ГАДЕ" ...

 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg