Златни денови Кратово 2023 ја докажа љубовта кон македонската авторска музика

Кратово, 10.07.2023 – Културните подвизи се секогаш дел од мостот кон зачувувањето на идентитетот, а љубовта кон македонската музика и поддршката на македонските автори е еден од главните столбови од тој културен мост.

zlatni-denovi-kratovo-2023-ja-dokaza-ljubovta-kon-makedonskata-avtorska-muzika-04.JPG

Годинешното издание на една од најпознатите културни фестивалски манифестации во државата, Златни денови Кратово 2023 доживеа уникатен завршеток, со најголема посетеност досега.

 Миксот на народна и забавна музика, ги шармираше присутните кратовчани и посетители на овој настан, кои во еден глас ги пееја со изведувачите најпознатите македонски хитови, омилени и кај помладите и постарите генерации.

zlatni-denovi-kratovo-2023-ja-dokaza-ljubovta-kon-makedonskata-avtorska-muzika-03.JPG

„Златните денови Кратово 2023, со богатата музичка програма и настапот на најпознатите музички имиња од македонската естрада, е настан на годината, не само во Кратово, туку и пошироко. Наше Кратово е доследен домаќин на сериозен настан, на кој може да позавидат и големите и побогати градови. Заложбите и посветеноста на мене како градоначалник, мојата екипа и неколку ентузијасти, се исплатеа и донесоа радост и задоволство на многу луѓе. Преполниот плоштад, улички, локали и сместувачки капацитети, говореа за илјадниците посетители од целата држава и пошироко. Спектакуларните настапи на сите изведувачи, Кратовските тамбураши, распеаните и разиграни Мераклии од Мерак меана и Скопски Боеми, Браќа Нуне, Драган Темелков-Џони, сензационалните Ламбе Алабаковски и Некст Тајм, како и енергичните изведби на фантастичните Нокаут, Суперхикс, Д’фендерс, направија Кратово да биде голема музичка арена, исполнета со радост и задоволство. Голема благодарност до сите кои беа вклучени во подготовките и реализацијата на овој настан,“ изјави Тодорче Николовски, Градоначалник на Општина Кратово.

zlatni-denovi-kratovo-2023-ja-dokaza-ljubovta-kon-makedonskata-avtorska-muzika-01.JPG

И музичките ѕвезди и сите присутни на Златни денови Кратово 2023, докажаа дека македонската музика се чува и споделува заедно.

Присутните беа почестени со разновидна палета на изведби, коишто го славеа уникатниот спој на традиционални и современи звуци.

Македонската приказна ова лето во Кратово, дефинитивно придонесе атмосферата и споделените моменти помеѓу музичките изведувачи и публиката во изминатиот викенд, навистина да се познати како денови за паметење.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg