Александар (20) од Битола (G Vision) - млад и надежен стенд ап комичар во Македонија

Младиот Стенд Ап комичар Александар Георгиевски или G Vision како што го знаеме, веќе сериозно се наметна кај публиката посебно кај помладите. Ова 20 годишно момче со своите видеа и објави на Тик Ток и Инстаграм знае да ја насмее публиката, а најголем доказ за тоа се бројот на прегледи на неговите видеа, каде има видеа и со над 50 и 100 илјади прегледи, и неговите настапи.

aleksandar-od-bitola-mlad-i-nadezen-stend-up-komicar-vo-makedonija-01.jpg

Тој освен во неговата Битола настапува и во другите градови и населени места, во кафулиња, на отворено и разни настани и приватни забави каде што ќе биде поканет. Овој викенд настапи во Македонски Брод пред публика од 500 луѓе, што навистина е успех да се собере толку публика во толку мало гратче. 

На социјалните мрежи се појавија фотографии од неговите фанови кои побараа да се сликаат со него, а G Vision како што вели прифаќа да се слика и да потпиши автограм на секого и дека многу му значат таквите моменти :

„Апсолутно сум пресреќен кога некој ќе дојде да се слика или да побара автограм од мене. Се уште не сум толку познат и добар и се сметам за почетник и нема премногу луѓе кои се сликаат, па затоа тие кои сакаат ми значат. Најчесто се случува да ме препознаат на улица и да ме застанат за да се поздрават со мене и да ми кажат дека ме гледаат. Тие што ме знаат лично знаат дека и јас сеуште си имал свои идоли и омилени личности и дека сакам да се сликам со нив, досега сум имал можност да запознаам во живо многу познати личности и знам како е“. 

aleksandar-od-bitola-mlad-i-nadezen-stend-up-komicar-vo-makedonija-11.jpg

G Vision признава дека голема поддршка и помош добива од неговите поискусни колеги комичари Бојан Велевски, Никола Тодороски и Марјан Георгиевски кои го следат и веќе успеал да се запознае лично со нив, па тие освен поддршка знаат како поискусни да му дадат и совети, конструктивни критики и насоки кои му помагаат во неговиот напредок и развој.  

„Апсолутно, премногу значи кога некои кои си го гледал како мал на You Tube, си му бил во публика во театар, на телевизија - сега тој тебе да те следи, да комуницирате, да ти даде совет или да дојде во публика. Никогаш нема да заборавам на мојот настап во Скопје кога дојде Бојан Велевски да ме гледа. После настапот седнавме и детално анализиравме, што е добро а што не, каде сум добар, каде грешам, како да го подобрам настапот и слично. За тоа сум бескрајно благодарен."

Ова се некои од неговите видеа, и неговите профили на Инстаграм и Тик Ток на кои можете да го заследите :

View this post on Instagram

A post shared by G Vision (@g_vision.mk)

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg