MTV 80’s & 90’s повторно на сцена со Камерен Оркестар на Битола

На 14.09.2023, Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect ќе нè потсети на иконската музика која ја обележа златната доба на MTV. Прекрасните звуци од најголемите хитови од 80тите и 90тите ќе оживеат на сцената пренесувајќи ја магијата на тие времиња.

mtv-80-s-90-s-povtorno-na-scena-so-kameren-orkestar-na-bitola-01.png

MTV 80s & 90s не беше само музички период - тоа беше ера која ја дефинира иднината. Во септември, благодарение на Камерен оркестар на Битола ⋮IWConnect, сите ние ќе имаме шанса повторно да ги доживееме тие историски моменти.

Подгответе се за една извонредна вечер, и дозволете му на Камерен оркестар на Битола да ве одведе назад во времето, каде музиката беше израз на револуција, култура и совршенство.

Повеќе информации за билетите и изведувачите во следните денови.

Бидете дел од музичката историја.

За повеќе информации за концертот, заследете ги профилите на социјалните мрежи на Камерен Оркестар на Битола – Facebook, Instagram.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg