Бев на стенд-ап на Сашко Коцев и ќе речам: „Овој човек треба да го клонираме!“

После синоќешниот стенд-ап на Сашко Коцев во МНТ, знам само едно – На Македонија ѝ се потребни барем десет Сашковци...

bev-na-stend-ap-na-sasko-kocev-ovoj-covek-treba-da-go-klonirame-01.jpg

Картите ги купив на 18-ти октомври, еден месец однапред. Со голем мерак. Само што Сашко го пушти линкот за настапот на Фејсбук, набавив две за првиот, две за вториот датум.

За премиерата ги подарив на мајка ми затоа што знам дека ужива во неговиот хумор и сè уште знае да рече „Не е иста Бубамара без него“.

Кога заврши првиот стенд-ап, само ми рече „Мама, сме се смееле до солзи!“, па така со уште поголемо нетрпение го очекував 21-ви ноември.

bev-na-stend-ap-na-sasko-kocev-ovoj-covek-treba-da-go-klonirame-02.jpg

Голем е „ќеифот“ кога имаш можност да присуствуваш на настан за кој се бара карта повеќе. Ретки се таквите настани во земјава.

Театарот беше полн до последно столче. Никој не се помести речиси два часа.

Со Сашко „нема утка“! Човекот е навистина создаден за сцена. Сигурна сум дека ниту еден стенд-ап не е ист со претходниот, толку умешно успева да протне нови моменти, со што дава посебен шмек на вечерта.

bev-na-stend-ap-na-sasko-kocev-ovoj-covek-treba-da-go-klonirame-17.jpg

Го знаете она снименото смеење во хумористични ТВ серии што го пуштаа на смешните моменти? Епа, така некако изгледаше синоќа театарот, со реални насмевки и смеење од срце.

Речиси два часа летаат толку брзо. И сакаш уште. Затоа што нема поубаво од полна сала искрени насмевки.

Сашко треба да го клонираме. Му посакувам да наполни неколку сали како „Борис Трајковски“. Затоа што сум сигурна дека може. 

Па да се чувствува вистински како Дино Мерлин. ?

Затоа што навистина ни треба повеќе смеење.

И се надеваме дека ќе го има почесто.

Сашко, ти благодарам!

*Не ми пречеше ниту тоа што од паркингот на катната гаража излегувавме речиси половина час кога си одевме.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. П. | Црнобело / фото: Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg