Времеплов кон златната ера по втор пат: Камерниот Оркестар на Битола го оживеа духот на MTV 80-те и 90-те во Скопје

Минатата вечер, присутните во Национална Опера и Балет имаа шанса да патуваат назад во времето. MTV 80s & 90s: The Greatest Hits не беше само концерт, туку времеплов кој присутните во НОБ ги одведе назад во времето и ги оживеа златните моменти на 80-тите и 90-тите години.

vremeplov-kon-zlatnata-era-po-vtor-pat-kamerniot-orkestar-na-bitola-go-ozivea-duhot-na-mtv-vo-80te-i-90te-vo-skopje-1-01.jpg

Настанот, оваа година ќе остане запаметен како настан кој се распродаде за само 3 часа во Битола и Скопје, и каде Камерниот Оркестар на Битола ⋮IWConnect се претстави во своето најдобро светло, носејќи не на музичко патување низ декадите исполнети со неповторливи хитови. Салата на НОБ, зрачеше од енергијата на многубројната публика која со нетрпение очекуваше повторно да ја доживее магијата на 80-тите и 90-тите.

vremeplov-kon-zlatnata-era-po-vtor-pat-kamerniot-orkestar-na-bitola-go-ozivea-duhot-na-mtv-vo-80te-i-90te-vo-skopje-1-02.jpg

Ова патување низ времето траеше два часа, а низ звуците на Камерен Оркестар на Битола ⋮IWConnect предводен од диригентот маестро Владимир Димовски и изведувачите Love Itoya, Агни Авшар, Јасна Димовска, Наде Талевска, Ирена Димовска - Памперс, Ана Петановска, Александра Трајческа, Кики Плиш, поп рок хор  Битвокс, како и балетските играчи при Национална опера и балет, се потсетивме дека музиката е вечна, а добрите песни никогаш не стареат.

Од првиот такт до последниот аплауз, атмосферата беше магична и исполнета со емоции, носталгија, и пеење во еден глас. Секој присутен можеше да почувствува дека е дел од нешто посебно, дел од вечер која ги преплете најубавите стихови во една незаборавна симфонија.

vremeplov-kon-zlatnata-era-po-vtor-pat-kamerniot-orkestar-na-bitola-go-ozivea-duhot-na-mtv-vo-80te-i-90te-vo-skopje-1-03.jpg

MTV 80s & 90s: The Greatest Hits ќе остане запишан како концерт кој ја разбуди носталгијата и нè потсети на вистинската магија на музиката.

vremeplov-kon-zlatnata-era-po-vtor-pat-kamerniot-orkestar-na-bitola-go-ozivea-duhot-na-mtv-vo-80te-i-90te-vo-skopje-1-04.jpg

За повеќе информации за настаните на Камерен Оркестар на Битола ⋮IWConnect, како и за галерија од настанот следете го нивниот профил на социјалните мрежи Facebook и Instagram, или посетете ја нивната вебстрана www.chamberorchestrabitola.com

Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg