Македонија во првото евровизиско полуфинале

Македонскиот евровизиски претставник Даниел Кајмакоски вчера настапи со „Autumn Leaves” во првото полуфинале на 60-то издание на Евровизискиот фестивал, но Македонија не се пласираше меѓу десетте финалисти.

makedonija-vo-prvoto-evrovizisko-polufinale-01

Првата полуфинална вечер се одржа пред десетилјадна публика во салата Штадтхале во Виена, а телевизискиот пренос го следеа над 130 милиони гледачи во светот.

Од 16 полуфиналисти, 10 држави изборија пласман во финалето: Русија, Естонија, Грција, Белгија, Грузија, Албанија, Србија, Романија, Унгарија, Ерменија.

Претходно веќе гласаа членовите на националните жирија, а вечерта гласаа телевизиските гледачи, со што се комплетираа конечните поени од секоја земја учесничка.

По завршувањето на првата полуфинална вечер, Даниел изјави: „Дадовме сè од себе на сцената и верувам дека емоцијата на „Autumn Leaves” допре до публиката. Многу ми значеше и поддршката на „Merj“ во изведбата. Им благодарам на сите фанови во Европа кои гласаа за нас. Учеството на Евровизија е едно големо искуство за мене, секоја чест за организацијата на фестивалот и се надевам дека најдобрата песна ќе победи“.

Второто полуфинале ќе се одржи во четврток, а финалната вечер на „Песна на Евровизија“ во сабота, 23. мај.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg