Телеком приреди невиден музички спектакл

Порта Македонија вчеравечер се претвори во центарот на сите случувања благодарение на музичката програма што беше подготвена за големиот музички спектакл. Телеком ја вети најголемата забава во градот и го исполни ветувањето.

telekom-priredi-neviden-muzicki-spektakl-1.jpg

Илјадници луѓе од различни возрасти уживаа во музичката забава која ја приреди Македонски телеком поповод станувањето еден бренд, еден Телеком.

Концертот започна Каролина со песните од последниот албум „Македонско девојче“. Публиката во еден глас со неа ги пееше стиховите на „Две лири“ , „Ружа Ружица“, „Пролет лето есен зима“ и ред други хитови, додека Гочева со својот префинет стил и моќен глас блескаше на сцената.

Следуваше вистинско „откачување“ со хрватската поп атракција, Северина Вучковиќ.Неверојатна секси појава, висока потпетица и Севе стисна на гасот подигнувајќи ја атмосферата на едно сосема поинакво ниво. Жената која зад себе има 25-годишна кариера  предизвика еуфорија во центарот на Скопје.

Вечерта беше резервиран за светскиот DJ, Дејвид Моралес. Неговите сетови ја забавуваа публиката до два часот по полноќ, претворајќи го центарот на градот во клуб на отворено.

telekom-priredi-neviden-muzicki-spektakl-2.jpg

telekom-priredi-neviden-muzicki-spektakl-3.jpg

telekom-priredi-neviden-muzicki-spektakl-4.jpg

telekom-priredi-neviden-muzicki-spektakl-6.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg