Вечерва ѕвездено небо за Тоше на плоштад „Македонија“ - промоција на 2 нови песни

Вечерва во 19:30 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје, ќе се одржи традиционалниот музички хепенинг „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше".

vecerva-zvezdeno-nebo-za-tose-na-plostad-makedonija-promocija-na-2-novi-pesni-01.jpg

Оваа година на задоволство на сите, покрај неговите познати хитови ќе имаме можност да ја слушнеме и до сега необјавената песна на ромски јазик на Тоше Проески „Ефта пуране иконе“ (Седумте стари икони), како и долгоочекуваната верзија на песната „Малечка“ на англиски јазик.

Настанот се одржува по иницијатива на обожавателите на Тоше Проески, во спомен на прерано починатата македонска музичка ѕвезда, на денот на неговиот последен концерт во Скопје, со цел сите заедно да се потсетиме на неговата музика и лик, но и да создадеме „ѕвездено небо“ во негова чест.

Од фан-клубот на Тоше Проески ги покануваат сите кои се во можност да дојдат на плоштадот „Македонија“ вечер во 19.00 часот и заедно да ги испееме рефрените кои ги знаеме наизуст, но и да ги слушнеме двете нови песни.


Во продолжение е преводот на текстот од песната Efta Purane Ikone (од ромски јазик)

Седумте стари икони

за коишто баба ми ми кажуваше

од црквата на Свети Сава,

кајшто децата беа крштавани.

Седумте стари икони,

секоја од нив имаше душа.

Шест имаа очи кои светат ноќе,

а седмата –имаше солзи

Поминаа пет, седум века

и уште седумстотини и педесет војни.

Таа уште плаче за нас,

дали ќе има доволно солзи?

Седумте стари икони

некои војници ги одземаа.

Баба ми ми кажуваше

дека црквата била срамнета со земја

Боже, о Боже,

дојди на југ, дојди кај нас.

Боже, о Боже,

не е толку далеку.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg