Сараево филм фестивал доаѓа до вас

Дваесет и трета година по ред, летото во Сараево се поврзува со добар филм и со филмска атмосфера. Оваа година, таа атмосфера, барем на кратко, ќе се почувствува и во земјите од регионот.

saraevo-film-festival-doagja-do-vas-05.JPG

„The other side of hope“, филмот кој оваа година го отвора фестивалот, своето второ прикажување за публиката во Сараево ќе го оствари на 12. aвгуст, а Вие можете да бидете дел од оваа проекција.

Како партнер на фестивалот, Aтлантик Група оваа година овозможи само со еден клик целиот регион да го почувствува духот на Сараевскиот филм фестивал. Доколку на 12. aвгуст во 21ч се приклучите на платформата www.svismomiizistogfilma.com и Вие „ќе отпатувате“ на овој прекрасен фестивал.

saraevo-film-festival-doagja-do-vas-03.JPG

Заедно со публиката во Сараево, ќе можете да го гледате филмот „The other side of hope“, филмско остварување кое ја освои наградата на престижниот Меѓународен филмски фестивал во Берлин. Оваа динамична драма со примеси на комедија, преку споменатата платформа ќе се стримува во Србија, Хрватска, Словенија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово и со тоа, барем на 98 минути ќе се внесе целиот регион во срцето во Сараево.

Донесете го и Вие 23. Сараево филм фестивал во Вашиот дом затоа што „Сите ние сме од истиот филм“.

saraevo-film-festival-doagja-do-vas-07.JPG

saraevo-film-festival-doagja-do-vas-08.JPG

saraevo-film-festival-doagja-do-vas-09.JPG

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg