На мажите, сепак не им се заканува изумирање

na-mazite-sepak-ne-im-se-zakanuva-izumiranje-povekjeТеориите според кои мажите ќе изумрат поради исчезнувањето на Y хромозомот, кој го одредува машкиот пол на детето, се покажале како погрешни...


...тврди група на американски научници во новата студија.na-mazite-sepak-ne-im-se-zakanuva-izumiranje

Сценариото за неизбежното исчезнување на мажите се наметнало пред десетина години кога научниците утврдиле дека машкиот хромозом драматично се скусил – од супер Y хромозом со повеќе од 1400 гени, пред неколку стотини милиони години, сведен е сè на сè на неколку десетина гени.

Поедини автори на ова мрачно сценарио предвидуваат дека мажите потполно ќе исчезнат за околу пет милиони години, додека други тврдат дека процесот ќе биде многу побрз и дека посилниот пол ќе изумре, како прочуената птица Додо, веќе за 125.000 години.

Најновата студија на Институтот за биомедицински истражувања при Технолошкиот институт во Масачусец, меѓутоа укажува дека намалувањето на Y хромозомот се случило во далечното минато и дека од тогаш со милиони години е стабилен.

Човечкиот геном има 22 пара хромозоми плус еден со кој се одредува полот.

Жените имаат два X хромозоми, а мажите еден X и еден Y хромозом.

Би можело да ве интересира:

Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg