Крајот на светот е неизбежен - ќе се судриме со Андромеда

krajot-na-svetot-e-neizbezen-ke-se-sudrime-so-andromedata-povekjeКатаклизмичниот судар на нашата галаксија, Млечниот пат и соседната Андромеда, не може да се избегне, но ќе се случи дури за 4 милијарди...


...години, објавила НАСА.

Тој е заклучокот според мерењето на брзината и насоката на Андромедата уште и наречена M31.

Моментално е оддалечена 2,5 милиони светлосни години (една светлосна година е 9.460 милијарди километри) од Млечниот пат, но несомнено му се приближува.

Ова привлекување е последица на силите на гравитацијата на двете галаксии и темните материи кои ги окружуваат.

После цел век пртпоставки, конечно имаме јасна слика за текот на овие настани во вселената за идните милијарда години“ – изјавил Сангмо Тони Сон од овој институт.

Иако Андромедата се приближува на нашата галаксија две илјади пати побрзо, ќе и бидат потребни 4 милијарди години за да се судри со Млечниот пат.

Освен тоа, ќе бидат потребни уште 2 милијарди години за галаксиите да се спојат потполно.

Од нив ќе настане една галаксија со елипсовиден облик, објасниле астрономите.

Би можело да ве интересира:

Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg