Сончева супербура може да убие милиони луѓе

sonceva-superbura-moze-da-ubie-milioni-lugje

Временската ситуација во САД годинава се невообичаено и извонредно непогодни, проследени со суши, енормно високи температури и бури, но Сончева супер бура би можела да биде далеку пострашна.

Гигантските експлозии на геомагнетските честички од Сонцето може да уништат 300, па и повеќе од 2.100 високонапонски трансформатори коишто се темелот на американскиот електроенергетски систем, предупредува американската Национална академија за наука - NAS.

Ваквите предупредувања ги наведоа неколкуте американски владини агенции да изработат планови за потенцијална ваква бура којашто би можела да се случи оваа година, имајќи предвид дека Сонцето влегува во активната фаза позната како „сончев максимум“, којашто ќе кулминира во 2013 година.

Американските научници проценуваат дека шансите да се случи ваква џиновска бура на Сонцето во идната декада изнесува 7 отсто, што се смета за умерен ризик, меѓутоа нејзините последици би биле разорни и може да се споредат со удар на голем метеорит во Земјата.

Прекинот во снабдувањето со електрична енергија би предизвикал хаос, сличен на оној неодамнешниот кога 600 милиони жители на Индија два дена по ред останаа без струја.

Експертите, секако, не се согласуваат околу процените на можните штети, меѓутоа стручњаците ангажирани од американската влада и од индустрискиот сектор сметаат дека станува збор за сложен проблем за кој неопходно е синхронизирано решение.

Во најлош случај, водата и горивото коишто зависат од електричните пумпи ќе престанат да течат во рок од неколку часа, современата комуникација ќе замре, а механизираниот сообраќај ќе запре, сметаат научниците.

Во извештајот на NAS се наведува дека со сончевата супербура би биле зафатени повеќе од 130 милиони Американци, а во милиони се проценуваат и можните жртви од ваквата катастрофална природна непогода.

04.08.2012 (Макфакс)

Би можело да ве интересира:

Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...
Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg