Можно ли е постојано да се разболувате поради стрес?

Познато ни е дека стресот претставува ризичен фактор во голем број на заболувања кај човекот. Исто така, потврдено е дека клучните симптоми кои се предизвикани од прекумерно ниво на стрес предизвикуваат бројни промени во имунитетскиот систем.

Mozno-li-e-postojano-da-se-razboluvate-poradi-stres-01.jpg

Додека малото ниво на стрес може да има позитивен ефект (како на пример успешно да се совлада предизвикот пред вас), константниот стрес кој се повторува секојдневно може сериозно да му наштети на здравјето.

Хроничниот стрес придонесува за појава на срцеви заболувања, висок крвен притисок и ослабен имунитет.

Механизмите кои најчесто ги користиме за да го потиснеме стресот како пиење алкохол, пушење цигари или консумирање на апчиња или дрога нормално го влошуваат здравјето.

Истражувачите се фокусираа на тип на бели крвни клетки наречени мастоцити (или маст клетки), едни од првите клетки во имунолошкиот систем кои се активираат кога сте под стрес.

Тие се наоѓаат на различни места во телото, вклучувајќи го и стомакот и дишните патишта. Мастоцитите ослободуваат мноштво хемикалии, вклучувајќи и хистамин, кога се соочуваат со стрес.

Ослободувањето на хистамин може да доведе до кивање или чешање, а во екстремни ситуации синдром на нервозно дебело црево и анафилакса, или тешка алергиска реакција. (Заедничкиот лек за лекување на овие симптоми е соодветно наречен антихистамин.) Иако научниците се свесни за оваа врска помеѓу стресот и мастоцитите, сепак не знаат точно како функционираат.

„Главното прашање е како мастоцитите се активираат и како се префрлаат на несакан одговор наместо на заштитнички однос кога се работи за стресот“.

Научниците прво го лоцирале рецепторот наречен подтип 1 на рецептор на кортикотропин-ослободителен фактор (CRF1) и откриле дека тој се истакнува кај мастоцитите.

Потоа тие го дизајнирале експериментот за тестирање на овој рецептор и дали истиот е одговорен за реакцијата на мастоцитите кога се соочуваат со стрес.

„Овој рецептор игра улога во многу болести кои се поврзани со мастоцитите. Кога некој е склон кон алергиски реакции, стресот може дополнително да ги влоши“.

За потребите на експериментот кој се повторил повеќе пати, истражувачите одбрале од 8 до 12 глувци и ги поделиле на две групи.

Глувците биле генетски одгледувани за да немаат мастоцити во телото, што им овозможило на истражувачите да инјектираат една група глувци со мастоцити, додека другата да биде без нив.

Двете групи глувци биле изложени на психолошки и имунолошки тестови.

Мерењата кај двете групи го пресметувале нивото на стресот кај секое глувче, вклучувајќи ги и нивоата на хистамин, температура и агрегатната состојба на изметот, што е чест знак за стрес кај животните.

Тие, исто така, го анализирале и однесувањето кај секое од животните, односно чешањето на лицето, намаленото движење и подуеноста на телото со што се добил клиничкиот резултат, а колку е повисок истиот, толку е повисоко и нивото на болеста.

Глувците со рецепторот односно CRF1 имале 12 пати повеќе хистамин во имунолошките тестирања во споредба со глувците кои немаат.

Глувците без CRF1 имале 54% помалку болести отколку оние со мастоцити при имунолошките тестирања и 63% помалку болести кај психолошките тестови.

Изненадувачки е колку резултатите се драстично различни и колку стресот навистина влијае врз имунитетот.

Научниците ќе продолжат да ја испитуваат поврзаноста помеѓу стресот и мастоцитите, а тоа ќе им помогне да развијат лек кој ќе се соочи со рецепторот CRF1 и ќе ги намали физичките ефекти предизвикани од стресот.

Дотогаш, крајно време е да се обидете да го намалите нивото на стрес кој влијае порозно врз здравјето. Намелете го бројот на обврските и одвојте повеќе време за пријателите и семејството или за она што ве опушта.

Воедно, внимавајте на спиењето и поставувајте си реалистични, наместо цели кои никогаш нема да ги остварите, а дополнително ќе ви создадат непотребен стрес.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...
Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg