Сите мислат дека е бело, но каква боја има огледалото?

Огледалата во бањата, во бутиците или на ретровизорот во автомобилот ги гледаме насекаде и имаат само една функција, да рефлектираат.

Site-mislat-deka-e-belo-no-kakva-boja-ima-ogledaloto-01.jpg

Без разлика дали ни користат поради нарцисоидни причини, да се осигураме дали забите ни се чисти после појадокот или пак да го видиме залетаниот возач зад нас додека се обидуваме да се пренасочиме на коловозот, огледалата ни се неопходни, а сепак толку едноставни. 

Денес ќе ви одговориме на прашањето коешто најверојатно не сте ни помислиле дека треба да го поставите некогаш:

Каква боја има огледалото?

Огледалото коешто виси закачено во вашиот ходник е мешавина од калциум хидроксид, вода, натриум хидроксид и калиум хидроксид, поставена на сребрена заднина, односно зеленкасто стакло со сребрена заднина. 

Оваа мешавина е всушност она што ја дава вистинската боја на стаклото, која всушност е зелена. Да, запеметете добро дека огледалата се всушност зелени. Вашето сребрено огледало е всушност многу бледо зелено, но сепак зелено.

Како го знаеме ова?

Уште во 2004, во Гренада, Шпанија, двајца истражувачи спровеле експеримент во една од најпопуларните атракции на природонаучниот музеј, односно во тунелите со огледала.

Тунелите со огледала се всушност направа составена од 2 огледала коишто се поставени едно наспроти друго со 2 дупки за очите за посетителите да погледнат внатре.

Истражувачите забележале дека кога рефлексијата на огледалата се одбива помеѓу две огледала повеќе од 50 пати, зелената бранова должина станува доминантна и само таа боја може да ја видиме во огледалото.

Тогаш почнуваме со голо око да ја забележуваме зеленкастата вистина која се крие зад огледалото.

Зошто тогаш го гледаме огледалото како да е само рефлексија на околината?

Сигурно сите сме слушнале дека огледалото е всушност бело. Науката има објаснување за ова. Белата боја ја рефлектира целата светлина, а црната боја ја апсорбира светлината.

Сепак, сите сме забележале дека во белата шолја за кафе не се рефлектираат боите околу вас, туку само силуетите.

Ова е затоа што белата боја ги рефлектира сите бои, но ги рефлектира во сите правци, односно белата боја има дифузна рефлексија, додека пак огледалата рефлектираат назад во правецот од којшто доаѓа изворот на светлината, односно имаат спекуларна рефлексија.

Ова ни овозможува да го видиме предметот ист каков што е пред рефлексијата.

Значи сепак огледалото не е бело или проѕирно, туку има зеленкаста нијанса, за да можеме да ги видиме сите бои во него.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...
Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg