IQ-то паѓа за 2 бода на 10 години: Новите генерации докажано „оглупавуваат“

Во минатото, секоја генерација била поинтелигентна од своите родители. Но според некои податоци, изгледа дека овој тренд почнува да се движи во спротивна насока.

zagrizhuvachki-podatoci-prosechniot-koeficient-na-inteligencija-se-namaluva-01.jpg

На стандардните тестови за интелигенција, кои се полагаат во поголемиот дел од развиените држави, просечниот резултат се подобрувал на секои неколку години. Па, просекот од 1950-та година е значително понизок од просечната измерена интелигенција во 1980-та година.

Овој таканаречен Флинов ефект се појавувал во поголемиот дел од 20-тиот век. Но, во последно време изгледа дека просечниот коефициент на интелигенција се намалува ширум целиот свет.

Од почетокот на 90-тите, до денес, наводно, просечниот коефициент на интелигенција е намален на глобално ниво. Ова го забележале норвешки научници кои ги проучувале резултатите од тестовите за интелигенција на воените регрути помеѓу 1950-та и 2002-ра година.

Според истражување од 2009-та година, просечниот коефициент на интелигенција на 14-годишниците од Велика Британија се намалил за два бода, во периодот од 1980-та до 2008-ма година.

Надворешните фактори имаат големо влијание врз развојот на интелигенцијата. Овде спаѓаат опкружувањето, исхраната, историјата на болести и поттикот и стимулацијата од околината. Понекогаш, интелигенцијата може да се спореди и со висината.

На пример, во текот на минатиот век забележано е дека просечната висина на човекот е зголемена.

zagrizhuvachki-podatoci-prosechniot-koeficient-na-inteligencija-se-namaluva-02.jpg

Контроверзниот научник Ричард Лин смета дека намалувањето на коефициентот на интелигенција е поради тоа што во модерното општество, луѓето со понизок коефициент имаат повеќе деца.

Истовремено, научникот ги обвинил и имигрантите од државите со понизок коефициент.

Норвешките научници, Бернт Братсберг и Оле Рогеберг, пак, успеале да ги елиминираат сите можности, како повеќе деца во семејството или влијанието на имиграцијата.

Интелигенцијата на помладите генерации се намалува за околу 2 бода секои 10 години, а наводно за ова не се криви ниту мигрантите, ниту повеќечлените семејства, бидејќи овој пад се забележува во секое просечно семејство.

Единственото објаснување што останува е дека најверојатно има некој проблем во средината на модерното општество што го забавува развојот на децата.

zagrizhuvachki-podatoci-prosechniot-koeficient-na-inteligencija-se-namaluva-03.jpg

Некои научници сметаат дека културата на младите денес е најмногу фокусирана на мобилните телефони, компјутерите и видео игрите, наместо врз разговорите и врските во живо. Токму ова може да има влијание врз намалувањето на интелигенцијата.

Од Светската здравствена организација пак, имаат друго објаснување – зголеменото загадување на воздухот. Знаеме дека загадувањето денес е глобален проблем и дека зголемувањето на бројот на микрочестички во воздухот има влијание врз дури 90% од населението.

Глобалното загадување можеби е барем делумно одговорно за забавување и запирање на развојот на младите.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...
Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg