Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани)

Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се венчаа кога Присила наполни 21. До денес, ова е една од најконтроверзните врски во светот на шоу-бизнисот.

poznati-mazhi-koi-bea-vo-vrska-so-mnogu-pomladi-tinejdzherki-i-sega-se-osuduvani-01.jpg

Големата возрасна разлика помеѓу славните парови не е ништо ново.

Но, дефинтивно е бизарно кога познатите мажи почнуваат врски со тинејџерки кои се 10-тина години помлади од нив.

Во минатото, генерално никој не им замерувал, но денес на овие врски се гледа со презир.

Познати мажи кои биле во врска со многу помлади тинејџерки:

Тајга и Кајли Џенер

Кога се појавија првите гласини за врската, Тајга имаше 25, а Кајли – 17 години.

На почетокот тие ги негираа гласините, но само еден месец подоцна раперот сподели фотка од Кајли (која сега е избришана).

Подоцна Клои Кардашијан прозборе за парот, истакнувајќи дека не се во сериозна врска, туку само се гледаат.

Сепак, јавноста ги осудуваше поради возрасната разлика и фактот дека Кајли е само тинејџерка и не е ни полнолетна.

poznati-mazhi-koi-bea-vo-vrska-so-mnogu-pomladi-tinejdzherki-i-sega-se-osuduvani-02.jpg

Стивен Тајлер

Врската на Стивен Тајлер со 16-годишна девојка од 1970-тите е една од најконтроверзните во светот на шоу-бизнисот.

Пејачот се отвори за врската во неговите мемоари, откривајќи дека тогаш имал 26 години.

Не е познат идентитетот на девојката, но многумина сметаат дека станува збор за Џулија Холкомб, која минатата година го тужеше Стивен за сексуално малтретирање кое се случило во 1970-тите.

poznati-mazhi-koi-bea-vo-vrska-so-mnogu-pomladi-tinejdzherki-i-sega-se-osuduvani-03.jpg

Елвис Присли и Присила

Уште една контроверзна врска која е тема на разговор и денес.

Присила имала само 14 години кога го запознала 24-годишниот Елвис.

Тие почнале врска, но Присила тврдеше дека немале односи сè додека не стапиле во брак.

Кога Присила имаше 17 години (и уште беше средношколка) таа почна да живее со Елвис. Кога наполни 21, парот се венча.

poznati-mazhi-koi-bea-vo-vrska-so-mnogu-pomladi-tinejdzherki-i-sega-se-osuduvani-04.jpg

Џони Деп и Винона Рајдер

До денес не е познато кога точно ја почнаа врската, но Џони Деп и Винона Рајдер се запознаа кога актерот имаше 26, а актерката – 17 години.

Самиот Џони има изјавено дека се вљубил во неа на прв поглед, а врската ја потврдија кога актерката наполни 18 години.

Неколку месеци подоцна тие и се верија, но се разделија по околу три години.

poznati-mazhi-koi-bea-vo-vrska-so-mnogu-pomladi-tinejdzherki-i-sega-se-osuduvani-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Обожавал 14-годишни девици, сакал да гледа парови додека водат љубов: Сите фетиши на Елвис Присли Кралот на рокенролот, Елвис Присли, живеел развратен живот. Најмногу сакал девиц...
„Не ме тераше да имаме секс кога имав 14 години“: Присила Присли се отвори за контроверзната врска с... „Никогаш немав секс со него (на 14 години). Тој беше многу добар, многу нежен, м...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Метју Пери објавувал чудни фотки на Инстаграм – фановите мислат дека си ја предвидел смртта + нови д... Официјалната причина за смртта на Метју Пери сè уште не е откриена, но неговите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg