Албанија прва влезе во финале, Словенија последна – Познати новите 10 финалисти на Евровизија 2023

Албанските преставници Албина и фамилија Келменди се првите што обезбедија учество на финалната вечер на Евровизија 2023. Погледнете кои земји одат понатаму?

albanija-prva-vleze-vo-finale-poznati-novite-10-uchesnici-na-evrovizija-2023-01.jpg

Вечерва се одржа втората полуфинална вечер од Евровизија 2023. На сцената настапија уште 16 земји учеснички кои се надеваа дека ќе обезбедат пласман во големото финале што ќе се одржи во сабота (13.05).

Од земјите во соседството вечерва настапија Грција, Словенија и Албанија, а Македонија годинава не настапува на престижниот музички настан.

Претставничките на Австрија Теја и Салена „го оживеаја“ познатиот писател Едгар Алан По на сцената, Словенците „Џокер Аут“ ги украдоа воздишките на голем број дами ширум светот.

Посебно привлече внимание и театарот со драг кралици што беа облечени во слични аутфити како трите водителки на Евровизија, кои настапија додека се исчекуваа резултатите од гласањето.

Албанија е првата земја што влезе во финале, по неа влегоа Кипар, Естонија, Белгија, Австрија, Литванија, Полска, Австралија, Ерменија и Словенија.

Како што може да се забележи, грчкиот претставник не успеа да обезбеди учество во финалето.

Заедно со останатите 10 земји што обезбедија пласман во вторникот и шесте земји што директно одат во финалето, на сцената во сабота ќе настапат вкупно 26 земји.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Принцот Хари конечно насмеан на настан покрај Меган Маркл, по гласините за проблеми во бракот (фото) По гласините за „проблеми во рајот“, како и намуртеното издание на Хари покрај М...
Аријана Гранде како замотана во јорган – Најдобро и најлошо облечени ѕвезди на Оскари 2024 (фото) Марго Роби ги замени розовите „Барби“ тоалети за црн провокативен фустан, а Ариј...
Помалку познати факти за бракот на Хејли и Џастин Бибер: Тој спие во посебна комора, делат продукти ... Имаат чуден прекар со којшто си искажуваат љубов, на настаните одат облечени во ...
Одат заедно на одмори и спијат во ист кревет – Како Бруклин Бекам се најде во брак во тројка? Селена Гомез на шега вели дека и нејзиното име треба да биде вметнато во венчани...
Сандра Булок неутешна по смртта на партнерот, Кејт Хадсон со отечено лице: Фото-докази дека и ѕвезди... Сандра Булок за првпат беше фотографирана 2 месеци по смртта на нејзиниот партне...
„Орален секс во замена за туш“ – Жестоки критики за скандалозниот настап и говор на Мадона пред нејз... „Нудев орален секс за бесплатно туширање“ – Мадона ја вџаши публиката со своите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg