Нови морничави тврдења за Бритни Спирс: Го напаѓа сопругот, спие со нож под кревет и не зборува со децата

Според нов документарец на TMZ, Бритни е зависна од кофеин, спие со нож под креветот и е насилна кон сопругот Сем Ашгари. Истовремено, цела година ги нема видено синовите и најголем дел од времето минува сама дома.

novi-mornichavi-tvrdenja-za-britni-spirs-go-napagja-soprugot-spie-so-nozh-pod-krevet-i-ne-zboruva-so-decata-01.jpg

Бритни Спирс повторно се најде во центарот на вниманието, по нов контроверзен документарец според кој пејачката е потполно изолирана од светот, некогаш е физички насилна кон сопругот Сем и си ги нема видено децата повеќе од една година.

Документарецот Britney Spears, The Price of Freedom (Бритни Спирс, цената на слободата) премиерно се емитуваше во понеделникот (15.05) на телевизијата Fox и се фокусира на животот на пејачката откако се ослободи од легалното старателство.

novi-mornichavi-tvrdenja-za-britni-spirs-go-napagja-soprugot-spie-so-nozh-pod-krevet-i-ne-zboruva-so-decata-10.jpg

Според тврдењата на продуцентите од TMZ кои стојат зад документарецот, Бритни живее во изолација и најголем дел од времето е сама дома.

„Некогаш оди со автомобилот до некој пуст пат, се паркира и само медитира“, вели едниот од продуцентите.

novi-mornichavi-tvrdenja-za-britni-spirs-go-napagja-soprugot-spie-so-nozh-pod-krevet-i-ne-zboruva-so-decata-06.jpg

Наводно, Бритни била и зависна од кофеин и речиси постојано консумирала енергетски пијалаци и кафе.

Поради ова, ѝ се случувало да остане будна и два-три дена по ред. Некогаш, пак, спиела по три дена без престан.

novi-mornichavi-tvrdenja-za-britni-spirs-go-napagja-soprugot-spie-so-nozh-pod-krevet-i-ne-zboruva-so-decata-05.jpg

Во документарецот, неколку лица тврдат дека и бракот на Бритни не е во најдобра состојба. Имено, таа била насилна – дури и го удирала Сем – но тој „е пасивен и само ја трпи“.

Караниците помеѓу Бритни и Сем биле секојдневие, а во некои ситуации морало да се вмеша и обезбедувањето на пејачката за да ги смири.

Наводно, понекогаш Бритни спиела со нож под нејзиниот кревет и постоел ризик сериозно да го повреди Сем.

novi-mornichavi-tvrdenja-za-britni-spirs-go-napagja-soprugot-spie-so-nozh-pod-krevet-i-ne-zboruva-so-decata-09.jpg

По премиерата на документарецот, Сем Ашгари се огласи со видео на Инстаграм Стори:

„Според мене е одвратно тоа што луѓето кои беа во животот на Бритни во периодот кога таа го немаше својот глас, сега ја раскажуваат нејзината приказна како да е нивна. Апсолутно одвратно.

Како можете да ја искористите највлијателната личност на нашата генерација, принцезата на поп-музиката, да ја ставите во затвор каде што татко ѝ ѝ кажува што да прави, што да пие, што да гледа и да ја користи како машина за правење пари?

Потоа, одеднаш, по многу години кога конечно е слободна, по сè што се случи, вие ја ставате под микроскоп и ја раскажувате нејзината приказна. Не, тоа е одвратно!“

novi-mornichavi-tvrdenja-za-britni-spirs-go-napagja-soprugot-spie-so-nozh-pod-krevet-i-ne-zboruva-so-decata-03.jpg

Според документарецот, Бритни е во лош однос и со нејзините синови. Наводно, ситуацијата се влошила лани летото, кога тие престанале да одговараат на нејзините пораки.

Најголема причина за гневот на синовите биле голите фотки на Бритни кои, според нив, биле засрамувачки.

Според извори на Page Six, Бритни последен пат ги видела синовите на почетокот од 2022 година.

novi-mornichavi-tvrdenja-za-britni-spirs-go-napagja-soprugot-spie-so-nozh-pod-krevet-i-ne-zboruva-so-decata-04.jpg

Во меѓувреме, Бритни Спирс пишува автобиографска книга, а изјави дека е инспирирана од бројните документарци за неа.

Во сега избришана Инстаграм објава, Бритни истакна дека ваквите документарци ја прикажуваат во лошо светло, а користат толку лаги што таа смета дека се нелегални.

novi-mornichavi-tvrdenja-za-britni-spirs-go-napagja-soprugot-spie-so-nozh-pod-krevet-i-ne-zboruva-so-decata-08.jpg

Иако фановите на Бритни се загрижени за неа, по премиерата на последниот документарец и тие застанаа на нејзина страна.

Во коментари на Јутјуб, повеќето се згрозени од новиот документарец:

„Одвратно е како некои луѓе не веруваат што ѝ направи нејзиното токсично семејство“.

„Никогаш нема да ја остават Бритни на мир“.

„Овој документарец е направен по барање на таткото на Бритни. Нејзиниот татко психопат. Тој не може да се помири дека повеќе не може да ѝ ги краде парите, па продолжува да ја малтретира со вакви филмови“.

novi-mornichavi-tvrdenja-za-britni-spirs-go-napagja-soprugot-spie-so-nozh-pod-krevet-i-ne-zboruva-so-decata-02.jpg

Некои, пак, сметаат дека документарецот ја прикажува реалноста, но истакнуваат дека Бритни не е виновна што сега се наоѓа во оваа ситуација:

„Лековите што ги пиеше Бритни можат да предизвикаат перманентна штета на мозокот. А, колку подолго ги пие, толку е поголема штетата. Тажно е што ѝ се случи сето ова“.

„Во ред е да не ви се допаѓа документарецот, но сепак да сфатите дека Бритни минува низ тежок период и ѝ треба помош“.

novi-mornichavi-tvrdenja-za-britni-spirs-go-napagja-soprugot-spie-so-nozh-pod-krevet-i-ne-zboruva-so-decata-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Првпат посегнала по животот кога ѝ ја одзеле ќерката, смртта на синот ја „дотолчи“ – Тажниот живот н... За првпат посегнала по својот живот кога сакале да ѝ ја одземат ќерката во 1999-...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg