Го уценувала дека мора да имаат деца, сега бара стотици илјади долари месечна алиментација – Детали за разводот на Кевин Костнер

Откако поднесе документи за развод, сопругата на Кевин Костнер со месеци не сакаше да си замине од семејната палата. Си замина со судски налог дека не смее да земе ништо што е стекнато во бракот, а бара стотици илјади за алиментација – детали за разводот на Кевин Костнер и Кристин Баумгартнер.

go-ucenuvala-deka-mora-da-imaat-deca-sega-bara-stotici-iljadi-dolari-mesechna-alimentacija-detali-za-razvodot-na-kevin-kostner-01.jpg

Многумина го помнат по улогата во филмот „Bodyguard“ со Витни Хјустон, а актерот Кевин Костнер во последните неколку месеци привлекува внимание заради разводот со сопругата со која 18 години беше во брак.

Кевин Костнер е татко на седум деца, зад себе има два брака, а во последните неколку месеци неговиот развод со втората сопруга е топ тема во американските таблоиди.

Од оспорувањето на предбрачниот договор, одбивањето на сопругата да го напушти семејниот дом и барањето поголема алиментација за децата – се чини дека секој ден се случува по некој нов пресврт, а парот освен за крупните прашања се расправа и за банални работи – како за тоа што таа смеела, а што не смеела да земе кога си одела од семејната палата.

Во продолжение неколку факти за бракот и разводот на Кевин Костнер и Кристин Баумгартнер:

Кевин Костнер (68) ја запознал својата втора сопруга Кристин Баумгартнер (49), додека сè уште бил во брак со Синди Силва со која има 3 деца: Ени (39), Лили (37) и Џо (35).

Кевин и Кристин за првпат се сретнале на терен за голф, додека тој се подготвувал за улогата во романтичната комедија Tin Cup, но тогаш не се случило ништо.

go-ucenuvala-deka-mora-da-imaat-deca-sega-bara-stotici-iljadi-dolari-mesechna-alimentacija-detali-za-razvodot-na-kevin-kostner-05.jpg

По разводот со Силва, во 1994-та година, Кевин Костнер бил во врска со Бриџит Руни, со која го добил синот Лиам (26).

go-ucenuvala-deka-mora-da-imaat-deca-sega-bara-stotici-iljadi-dolari-mesechna-alimentacija-detali-za-razvodot-na-kevin-kostner-07.jpg

По разделбата со Бриџит, Кевин сосема случајно повторно се сретнал со Кристин, во 1998-ма година, по што размениле телефонски броеви и почнале да се гледаат.

go-ucenuvala-deka-mora-da-imaat-deca-sega-bara-stotici-iljadi-dolari-mesechna-alimentacija-detali-za-razvodot-na-kevin-kostner-12.jpg

Тие двајца се венчаа во 2004-та година, а нивната свадба наликуваше на вистинска бајка. Церемонијата се одржа на ранчот на актерот во Аспен, а младоженецот дојде со кочија влечена од коњи, а невестата во зелен стар автомобил.

go-ucenuvala-deka-mora-da-imaat-deca-sega-bara-stotici-iljadi-dolari-mesechna-alimentacija-detali-za-razvodot-na-kevin-kostner-02.jpg

Кевин веќе не сакал да има деца, но во една пригода откри дека Кристин уште на првиот состанок му рекла дека ако сака да остане со неа, мора да размислува за потомство.

go-ucenuvala-deka-mora-da-imaat-deca-sega-bara-stotici-iljadi-dolari-mesechna-alimentacija-detali-za-razvodot-na-kevin-kostner-11.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Метју Пери објавувал чудни фотки на Инстаграм – фановите мислат дека си ја предвидел смртта + нови д... Официјалната причина за смртта на Метју Пери сè уште не е откриена, но неговите ...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg