„Ким Кардашијан е во право - да се биде сингл родител е навистина многу, многу тешко“

„Кога станав сингл мајка ме мачеше мислата дека децата со двајца родители се посреќни, но животот испадна таков каков што е. Таткото на мојата ќерка не беше роден за таа улога...“

kim-kardashijan-e-vo-pravo-da-se-bide-singl-roditel-e-navistina-mnogu-mnogu-teshko-01.jpg

Ајф Акинтој (36) од Лондон е сингл мајка. Таа забременила додека студирала, својата ќерка ја родила во 2008 година, а партнерот ја напуштил кратко потоа.

Искрената исповед на Ајф:

„Бев исплашена дека ќе бидам осудена, но како стареам така чувствувам поголема страст за да ја покажам позитивната страна на сингл родителството.

Ако си еден родител, не значи дека со своето дете сте нешто помалку од семејство.

kim-kardashijan-e-vo-pravo-da-se-bide-singl-roditel-e-navistina-mnogu-mnogu-teshko-02.jpg

Mи се допаѓа што Ким Кардашијан пред извесен период отворено говореше колку ѝ е тешко да ги расте четирите деца сами, по разводот со Канје Вест.

Таа дури спомена дека партнер на една од нејзините сестри кога видел колку се бори сама, почнал да се појавува на спортските натпревари на децата и да биде машка фигура во нивниот живот.

Ким исто така во една пригода отворено изјави: 'Да се биде сингл родител е најпредизвикувачката работа на светот. Има ноќи кога плачам сама сè додека не заспијам. Гледам константно хаос и торнадо во мојата куќа и се чудам што ми се случува.

Плус, морам самата да изигрувам и добар и лош полицаец пред децата'“.

kim-kardashijan-e-vo-pravo-da-se-bide-singl-roditel-e-navistina-mnogu-mnogu-teshko-03.jpg

Ајф вели дека при сингл родителството проблем е и балансирањето на работните обврски и обврските околу домот и децата.

„Кога станав сингл мајка ме мачеше мислата дека децата со двајца родители се посреќни, но животот испадна таков каков што е. Таткото на мојата ќерка не беше роден за таа улога, а сега живее и во друга земја.

Плус, емоционалниот товар е огромен затоа што вие самите ги носите сите големи одлуки за вашето дете и тоа на моменти знае да биде навистина застрашувачко. Борба е со финансиите, борба е да одвоите доволно време за кариерно да напредувате.

Сепак, има и позитивна страна, а тоа е специјалната врска која ја градите со своето дете, која е уникатна и која не би ја менувала за ништо на светот.

Си имаме наши забавни традиции и оние наши мали работи како излежување заедно во кревет во сабота наутро, „трачарење“, без некој во куќата да ни го расипува тој миг“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонски и светски ѕвезди кои станаа родители во 2023 година Ријана го доби вториот син, додека Пере од „Нокаут“ ја доби четвртата ќерка – ко...
Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт... Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...
„Не ме тераше да имаме секс кога имав 14 години“: Присила Присли се отвори за контроверзната врска с... „Никогаш немав секс со него (на 14 години). Тој беше многу добар, многу нежен, м...
Мајка си е мајка: Ким Кардашијан направи снежна шума во домот за да ја израдува ќерката која тагува ... Само еден месец откако кажа дека ќерка ѝ Норт се жалеше заради тоа што живее со ...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg