Рејчел Билсон откри дека имала неколку спонтани абортуси: „Не ги носев долго бебињата, но загубата беше тешка“

„Сите овие спонтани абортуси секогаш ми се случуваа на почетокот на бременоста. Никогаш не ги носев бебињата долго пред да ги загубам. Но, тоа не значи дека не ми беше тешко“, вели актерката Рејчел Билсон, која со многу емоции раскажа за најтешките моменти од нејзиниот живот.

rejchel-bilson-niz-solzi-prozbore-za-spontanite-abortusi-ne-gi-nosev-dolgo-bebinjata-no-zagubata-beshe-teshka.jpg

Актерката Рејчел Билсон, ѕвездата на серијата „Округот Оринџ“, во својот подкаст Broad Ideas, зборуваше за мајчинството и првпат откри дека имала неколку спонтани абортуси пред да ја добие ќерката Бриар Роуз во 2014 година.

„Кога зборувам со бременоста и раѓањето бебиња, мора да кажам дека имав спонтани абортуси, значи имав загуби во животот“, кажа Билсон.

Таа се расплака пред своите слушатели.

„Сите овие спонтани абортуси секогаш се случуваа на почетокот на бременоста и никогаш не ги носев бебињата долго пред да ги загубам, но тоа не значи дека не ми беше тешко“, додава актерката.

rejchel-bilson-niz-solzi-prozbore-za-spontanite-abortusi-ne-gi-nosev-dolgo-bebinjata-no-zagubata-beshe-teshka-03.jpg

Рејчел признава дека неколку недели пред да ја роди ќерката Бриар Роуз, таа била најсреќната жена на светот, бидејќи конечно успеала да ја задржи бременоста до крај.

„Во тоа време си велев, отворена сум за што било, кажете ми што треба да направам за да се роди бебето здраво и ќе го направам тоа.

Во тој момент не можев да правам планови за породувањето, бидејќи ништо не зависеше од мене. Не знаев како ќе се одвиваат работите.

Јас отсекогаш знаев дека ќе се породувам во болница, но тогаш бев спремна бев дури и за домашно породување. Навистина бев подготвена на сè само таа да се роди“, раскажала Рејчел.

rejchel-bilson-niz-solzi-prozbore-za-spontanite-abortusi-ne-gi-nosev-dolgo-bebinjata-no-zagubata-beshe-teshka-02.jpg

Актерката ја доби ќерката Бриар Роуз во октомври 2014 година, во бракот со нејзиниот поранешен сопруг, актерот Хајден Кристенсен. Тие беа заедно 10 години, но се разведоа во 2017-та.

Билсон настојува да ја држи својата ќерка подалеку од јавноста. Но, пред неколку години во интервју таа зборуваше за мајчинството. Тогаш рече дека откако се родила ќерката, таа е конечно „цела“.

rejchel-bilson-niz-solzi-prozbore-za-spontanite-abortusi-ne-gi-nosev-dolgo-bebinjata-no-zagubata-beshe-teshka-04.jpg

„Едноставно се чувствувате како навистина да живеете живот со цел. Најважно е да ѝ дадам добар пример, бидејќи знам дека таа го гледа секој мој потег. Затоа мора да сум внимателна во сè што правам“, кажа тогаш актерката.

Пред бракот со Хајден Кристенсен, Рејчел беше во врска со актерот Адам Броди со кого глумеше во „Округот Оринџ“. Откако се разведе, јавно се појавуваше со неколку нови партнери, но тие врски траеја кратко.

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Крвта не е вода: Ќерката на Хајди Клум на 19 години е совршенство на плажа - во танга бикини, без гр... Синооката убавица е совршена на модните писти и во едиторијалите, но и во природ...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg