Клои Кардашијан повторно мета на критики заради лош Фотошоп: „Што ти се случило со раката?“

„Клои што ти е со раката и со брадата?“, „Погледнете го вратот на Крис“. Ова се само дел од негативните коментари упатени до Клои Кардашијан, која повторно добива критики заради лош Фотошоп. Ја обвинуваат дека си скратила еден дел од својата рака, но и од вратот на мајка ѝ.

kloi-kardashijan-povtorno-meta-na-kritiki-zaradi-losh-fotoshop-shto-ti-se-sluchilo-so-rakata-01.jpg

Од сите сестри Кардашијан, Клои е таа што најечсто добива критики заради тоа што премногу користи филтри на фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи, а овојпат се чини дека си избришала еден голем дел од раката.

Клои на својот Инстаграм профил објави повеќе фотографии со кои сакаше да ѝ го честита роденденот на нејзината мајка Крис Џенер.

„На најнесебичната, убава, љубезна и прекрасна мајка на планетата – среќен роденден“ – напиша Клои меѓу другото.

kloi-kardashijan-povtorno-meta-na-kritiki-zaradi-losh-fotoshop-shto-ti-se-sluchilo-so-rakata-06_copy.jpg

Таа напиша една огромна порака во која кажа дека мајка ѝ многу ѝ значи и не штедеше на пофалните зборови за неа.

„Мамо без тебе, нема да постои ништо. Ти си ми сè на светот и повеќе.

Животот нема да ми значи ништо ако те нема тебе“ – порача Клои.

kloi-kardashijan-povtorno-meta-na-kritiki-zaradi-losh-fotoshop-shto-ti-se-sluchilo-so-rakata-02.jpg

Но, она што на нејзините следбеници им падна во очи е раката на Клои што се чини дека одеднаш се вдлабнува и се истенчува во пределот околу лактот.

„Нешто не е во ред со раката“;

„Мислев дека само јас гледам дека нешто не е во ред. Погледнете каква ѝ е брадата“;

„Клои што ти се случило со раката?“

„Ова е навистина чуден начин за да фотошопираш рака. Сигурно требало да забележи дека нешто не е во ред“.

kloi-kardashijan-povtorno-meta-na-kritiki-zaradi-losh-fotoshop-shto-ti-se-sluchilo-so-rakata-03.jpg

Други, пак повторно коментираат за обработените лица на Клои и на Крис и се прашуваат како е возможно и двете жени да ја навредуваат интелигенцијата на нивните следбеници со обработените фотографии.

„Во што е поентата, и двете изгледаат ужасно. Погледнете го само вратот на Крис“ – стои во еден од коментарите.

kloi-kardashijan-povtorno-meta-na-kritiki-zaradi-losh-fotoshop-shto-ti-se-sluchilo-so-rakata-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
Мајката на Џеј Зи, која има 4 деца, се ожени со девојката на 72 години - Која е нејзината нова сопру... Венчавката на мајката на Џеј Зи и нејзината партнерка Роксан ја изненади јавност...
Ја милува по лицето, откако таа ја помина ноќта во неговиот дом – Дали Ирина Шајк е во врска со Том...  „Том ја зема Ирина со автомобилот, останаа во неговиот дом цела ноќ, а сле...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg