„Ти си ужасна личност“ – Синот на Бред Пит и Анџелина Џоли со искрена порака до татко му

„Постојано и постојано докажуваш дека си ужасна и неподнослива личност. Немаш никакво сочувство и емпатија кон твоите 4 најмлади деца кои треперат од страв во твое присуство“ – му порача Пакс Џоли Пит, на својот татко Бред Пит во објава на Инстаграм.

ti-si-uzhasna-lichnost-sinot-na-bred-pit-i-andjelina-djoli-so-iskrena-poraka-do-tatko-mu-01.jpg

Во светските таблоиди се појави стара Инстаграм објава на најмалиот син на Анџелина Џоли (48) и Бред Пит (59), Пакс Џоли Пит, во која тој не штедеше на зборови за својот татко.

На фотографијата на која Бред Пит го добива Оскарот за најдобра споредна машка улога, Пакс саркастично му го честита денот на татковците на актерот.

ti-si-uzhasna-lichnost-sinot-na-bred-pit-i-andjelina-djoli-so-iskrena-poraka-do-tatko-mu-06.jpg

Како што пишува Daily Mail, станува збор за објава која била објавена на приватниот Инстаграм профил на Пакс во 2020-та година, во која тој опишува што мисли за својот татко кој води жестока легална битка со нивната мајка и сѐ уште не може да го финализира разводот.

„Среќен Ден на татковците на овој светски кре*тен!!! Постојано и постојано докажуваш дека си ужасна и неподнослива личност.

Немаш никакво сочувство и емпатија кон твоите 4 најмлади деца кои треперат од страв во твое присуство. Никогаш нема да разбереш колкава штета му нанесе на моето семејство, затоа што не си способен за тоа.

На тие што ми се најблиски успеа да им го направиш животот пекол.

Може да си кажуваш себеси и на светот што сакаш, но еден ден вистината ќе исплива на виделина. Па, нека ти е среќен Денот на татковците, ти си ужасно човечко суштество“ – му порача Пакс на Бред.

ti-si-uzhasna-lichnost-sinot-na-bred-pit-i-andjelina-djoli-so-iskrena-poraka-do-tatko-mu-03.jpg

Познато е дека Бред Пит и Анџелина Џоли се разделија само 2 години по венчавката на приватна церемонија во Ница, Франција, откако актерот се обидел да го задави нивниот најстар син Медокс.

Според некои извори Бред бил под дејство на алкохол, заради што ситуацијата брзо ескалирала.

ti-si-uzhasna-lichnost-sinot-na-bred-pit-i-andjelina-djoli-so-iskrena-poraka-do-tatko-mu-02.jpg

Четирите најмлади деца што Пакс ги споменува во објавата се Захара (18), како и трите биолошки деца на Бред и Анџелина – Шајло (17) и близнаците Нокс и Вивиен (15).

Пакс беше посвоен од Виетнам и важи за мошне повлечен и тивок, така што оваа негова објава остави многумина без зборови.

ti-si-uzhasna-lichnost-sinot-na-bred-pit-i-andjelina-djoli-so-iskrena-poraka-do-tatko-mu-05.jpg

Прочитајте и Го посвои на само 7 месеци, за да го заштити се разведе од Бред Пит – Анџелина Џоли гордо позира со синот Медокс

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
„Пак би имала секс со Бред Пит, го откачив Леонардо ди Каприо“ – Гвинет Палтроу раскажа за поранешни... „Со Бред имавме неверојатна хемија во сексот, а Бен беше техники одличен во крев...
„Бевме одвратни, не се бањавме“ – Џејсон Присли сподели детали од животот со Бред Пит „Сигурно тоа е тајната за денес да изгледа помладо од тебе“, коментираат твитерџ...
Ја милува по лицето, откако таа ја помина ноќта во неговиот дом – Дали Ирина Шајк е во врска со Том...  „Том ја зема Ирина со автомобилот, останаа во неговиот дом цела ноќ, а сле...
Тврди дека го посрамотиле – Зошто Џеки Чен нема да му го остави наследството на синот и не сака да ј... „Ако е способен сам ќе си заработи пари, ако не е, само ќе ги потроши моите“ – с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg