„Ова боли“ – Ким Кардашијан ја покажа воспалената кожа на ногата од псоријаза

„Како да се протега по целата нога... Ова е лудо!“ – Ким Кардашијан одблиску покажа како изгледа воспалението на нејзината нога, предизвикано од псоријазата.

ova-boli-kim-kardashijan-ja-pokazha-vospalenata-kozha-na-nogata-od-psorijaza-01.jpg

Ким Кардашијан им покажа на обожавателите како изгледа нејзината борба со псоријазата.

Таа со години наназад искрено зборува за нејзините проблеми со кожата, а на Инстаграм Стори објави неколку видеа на кои покажа како изгледа последниот осип на нејзината нога.

„Нема да ве лажам, ова е болно. Не сум сигурна што ги предизвикува. Не сум променила ништо во исхраната. Се обидов со сѐ! Псоријазата е ужасна“ – напиша таа на едно од видеата.

ova-boli-kim-kardashijan-pokazha-odblisku-kako-izgleda-psorijazata-na-nejzinata-noga-05.jpg

Ким рече дека ги објавува видеата затоа што сака да ја сподели нејзината борба со фановите.

„Погледнете колку е ужасна мојата псоријаза во моментов. Како да се протега по целата нога и не знам зошто ми се случува, но морам да најдам начин да се справам... Ова е лудо“ – вели таа во едно од видеата.

ova-boli-kim-kardashijan-pokazha-odblisku-kako-izgleda-psorijazata-na-nejzinata-noga-03.jpg

Инаку, класичната терапија за псоријаза вклучува кремови со кортикостероиди за да се намали воспалението, а кај оние што се во понапредна фаза се препишуваат и фототерапија, лекови за поткревање на имунитетот и хомеопатски лекови.

ova-boli-kim-kardashijan-pokazha-odblisku-kako-izgleda-psorijazata-na-nejzinata-noga-04.jpg

Пред две недели Ким беше на мета на критики затоа што промовира користење солариум. Но, таа појасни дека оди во солариум затоа што ѝ помага со псоријазата.

@kimkardashian

♬ original sound - Kim Kardashian

Сепак, според експертите, користењето солариум не помага во третманот на псоријазата.

За појаснување, псоријазата е хронично заболување во кое имуниот систем почнува да работи бурно, па предизвикува клетките на кожата да се размножуваат многу брзо.

Заради ова, деловите од кожата стануваат распукани и воспалени, а најчесто се појавува на скалпот, лактовите или колената, но и други делови од телото може да бидат погодени.

Прочитајте и Ким Кардашијан за екстремната диета: „Добив псоријаза по целото тело, не можев да ги мрдам рацете, но ќе направам сѐ за да бидам убава“

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...
„Орален секс во замена за туш“ – Жестоки критики за скандалозниот настап и говор на Мадона пред нејз... „Нудев орален секс за бесплатно туширање“ – Мадона ја вџаши публиката со своите ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
Мајка си е мајка: Ким Кардашијан направи снежна шума во домот за да ја израдува ќерката која тагува ... Само еден месец откако кажа дека ќерка ѝ Норт се жалеше заради тоа што живее со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg