Софија Вергара ја покажа луксузната палата во која се всели по разводот: „Сѐ уште не ми се верува каков живот живеам денес“

„Не се плашам да трошам пари, но тоа мора да биде за нешто практично, а не само за предмети што се тука за да изгледаат добро“ – Софија Вергара ја покажа палатата во која живее сама, по разводот со сопругот. Погледнете како изгледа секој детаљ од нејзиниот луксузно уреден дом.

sofija-vergara-ja-pokazha-luksuznata-palata-vo-koja-se-vseli-po-razvodot-s-ushte-ne-mi-se-veruva-kakov-zhivot-zhiveam-denes-01.jpg

По разводот со Џо Манганиело, Софија Вергара се пресели во новата палата во Беверли Хилс, на којашто и самата Гризелда Бланко би можела да ѝ завиди.

Антички мебел, мермер, природна светлина... Домот на Софија е како од каталог, а како што вели целта ѝ била нејзините пријатели од Колумбија да се чувствуваат удобно кога ќе дојдат кај неа.

Таа ги отвори вратите на нејзината нова палата за магазинот Architectural Digest и покажа како изгледа домот во којшто живее по разводот со Џо Манганиело.

sofija-vergara-ja-pokazha-luksuznata-palata-vo-koja-se-vseli-po-razvodot-s-ushte-ne-mi-se-veruva-kakov-zhivot-zhiveam-denes-02.jpg

Софија откри дека куќата оригинално била изградена во 90-тите години на минатиот век, а кога ја купила наликувала на замок од Трансилванија.

Но, по преуредувањето, денес куќата изгледа прекрасно. Бил донесен антички мебел од Шведска, Шпанија Франција и Италија, а во дневната соба има камин од француски мермер и персиски килим.

„Не се плашам да трошам пари, но тоа мора да биде за нешто практично, а не само за предмети што се тука за да изгледаат добро.

Не сакав премногу скап мебел на којшто луѓето ќе се плашат да седнат“ – вели таа.

sofija-vergara-ja-pokazha-luksuznata-palata-vo-koja-se-vseli-po-razvodot-s-ushte-ne-mi-se-veruva-kakov-zhivot-zhiveam-denes-03.jpg

Кујната е сон на секоја домаќинка, а Софија иако не готви вели дека ѝ било мошне важно куќата да биде удобна за нејзините пријатели и роднини кои доаѓаат од Колумбија и за забавите кои ги организира.

Имајќи предвид дека таа отворено зборува за нејзиното тешко минато во Колумбија, во период кога владееле нарко картелите, актерката вели дека сѐ уште не може да верува до каде дотуркала.

„Моите пријатели od Колумбија постојано наоѓаат изговори за да дојдат и да ме посетат. Постои нешто посебно во ова место што ги тера гостите да сакаат да останат.

Навистина е посебно. Се будам секое утро со помислата: ‘Сѐ уште не ми се верува каков живот живеам’“ – вели Софија.

Прочитајте и Се откажала од кариерата како модел, побегнала во САД откако картелите го убиле брат ѝ – помалку познати факти за Софија Вергара

Во галеријата погледнете повеќе фотки од палатата на познатата актерка:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се откажала од кариерата како модел, побегнала во САД откако картелите го убиле брат ѝ – помалку поз... Татко ѝ имал ранч со фарма, а затоа што биле финансиски добро ситуирани постојан...
Брчки, подочници: Лицата на познатите жени во крупен кадар, без Фотошоп Како секоја жена на нејзината возраст, и Викторија Бекам има брчки на лицето, ос...
Некогаш и сега: Како изгледаат денес нашите омилени тинејџерски ѕвезди? Џаред Лето, Менди Мур, Зек Ефрон... Знаете ли како изгледаат денес ѕвездите во к...
„Не сакам да бидам стара мајка“: Софија Вергара откри зошто се разведоа со Џо Манганиело „Џо сакаше деца, а јас не. Мојот син има 32 години и јас сум подготвена да бидам...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
„Сфатив дека никогаш нема да биде присутен на мојата свадба“: Ќерката на Брус Вилис емотивна за него... „Бев на свадба и таткото на невестата држеше говор. Одеднаш сфатив дека никогаш ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg