Шакира е во врска со актерот од Emily in Paris: „Очајна е за љубов, но тој ќе ѝ го скрши срцето“

Според извори блиски до Шакира, таа сепак се гледа со младиот актер од Emily in Paris. Но, нејзините пријатели биле загрижени дека тој само ја користи за да се прослави.

shakira-se-vo-vrska-so-akterot-od-emily-in-paris-ochajna-e-za-ljubov-no-toj-kje-go-skrshi-srceto-01.jpg

По провокативните фотки со актерот од Emily in Paris, фановите на Шакира почнаа да шпекулираат дека тие можеби се пар.

Но, актерката изјави дека не ѝ е потребен маж бидејќи ќе ја кочи во животот и со тоа ги замре шпекулациите.

Барем сè досега.

shakira-se-vo-vrska-so-akterot-od-emily-in-paris-ochajna-e-za-ljubov-no-toj-kje-go-skrshi-srceto-08.jpg

Актерот Лусиен Лависконт (31) е дел од новиот спот на Шакира, а заедничката секси фотосесија беше промоција за истиот.

Во спотот, Шакира и Лусиен имаат неколку провокативни сцени, па не е ни чудно што се појавија гласините.

shakira-se-vo-vrska-so-akterot-od-emily-in-paris-ochajna-e-za-ljubov-no-toj-kje-go-skrshi-srceto-03.jpg

Блиски пријатели на 47-годишната пејачка тврдат дека Шакира сепак паднала на шармот на згодниот актер додека траело снимањето.

Но, истакнуваат дека биле загрижени дека тој ќе ѝ го скрши срцето.

„Шакира е очајна за љубов, но нејзините пријатели се загрижени бидејќи Лусиен успеа постепено да се прослави излегувајќи со жени кои не се познати колку Шакира. Бил со многу различни жени.

Сега се гледа со Шакира, а таа сака љубов. Но, нејзините пријатели се плашат дека тој само сака да стане славен, а Шакира му го овозможува тоа.

Се гледаат, но не се во некоја сериозна врска“, тврди извор на Daily Mail.

shakira-se-vo-vrska-so-akterot-od-emily-in-paris-ochajna-e-za-ljubov-no-toj-kje-go-skrshi-srceto07.jpg

Според изворот, Шакира уште не го преболела Пике, а нејзините пријатели биле свесни дека се надева дека ќе го заборави бившиот со Лусиен.

Шакира и актерот се запознале во февруари годинава. Кратко по објавувањето на спотот, тие беа забележани во италијански ресторан во Њујорк.

shakira-se-vo-vrska-so-akterot-od-emily-in-paris-ochajna-e-za-ljubov-no-toj-kje-go-skrshi-srceto-04.jpg

Пред Шакира, Лусиен го поврзувале со пејачката Кери Катона.

Тие се запознале во 2011-та, кога пејачката имал 31 година, а тој само 19.

Парот се запознал на реалното шоу Celebrity Big Brother.

shakira-se-vo-vrska-so-akterot-od-emily-in-paris-ochajna-e-za-ljubov-no-toj-kje-go-skrshi-srceto-02.jpg

Претходно бил поврзуван и со друга пејачка – Џеси Нелсон.

Шакира, од друга страна, најверојатно не била во врска по разделбата со Пике, иако беше поврзувана со неколку ѕвезди, како Том Круз.

Пике сè уште е со девојката со која имаше афера додека беше заедно со Шакира.

shakira-se-vo-vrska-so-akterot-od-emily-in-paris-ochajna-e-za-ljubov-no-toj-kje-go-skrshi-srceto-06.jpg

Спирова С. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...
2 години по разделбата со Пике, Шакира не се помирува: „Жртвував толку многу за него“ Шакира најавува нова песна која повторно му е посветена на Пике, а во изјава за ...
Метју Пери објавувал чудни фотки на Инстаграм – фановите мислат дека си ја предвидел смртта + нови д... Официјалната причина за смртта на Метју Пери сè уште не е откриена, но неговите ...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg